Линкови за пристапност

Над 30 сојузни држави во САД ја тужат Мета за оштетување на менталното здравје на младите


Компанијата свесно инсталирала функции за зависност на своите платформи за социјални медиуми, Инстаграм и Фејсбук, и собрала податоци за деца помлади од 13 години, без согласност на нивните родители, се некои од обвинувањата.
Компанијата свесно инсталирала функции за зависност на своите платформи за социјални медиуми, Инстаграм и Фејсбук, и собрала податоци за деца помлади од 13 години, без согласност на нивните родители, се некои од обвинувањата.

Триесет и три американски држави ја тужат Meta Platforms Inc, обвинувајќи ја за оштетување на менталното здравје на младите луѓе преку зависноста на нивните платформи за социјални медиуми.

Во тужбата поднесена во вторникот пред федералниот суд во Оукленд, Калифорнија, се тврди дека Мета свесно инсталирал функции за зависност на своите платформи за социјални медиуми, Инстаграм и Фејсбук, и собрал податоци за деца помлади од 13 години, без согласност на нивните родители, што го прекршува федералниот закон.

Роб Бонта, државен обвинител во Калифорнија рече дека тоа го правеле во обид да го зајакнат профитот.

„Мета постојано ја заведуваше јавноста за суштинските опасности од нејзините производи. Ги прикри начините на кои Инстаграм и Фејсбук ги искористуваат и манипулираат со своите најранливи потрошувачи, тинејџери и деца. Знаеме, благодарение на нашата истрага , како и обелоденувањата од поранешни инсајдери, дека компанијата знае дека следењето: Инстаграм е штетно за значителен процент од тинејџерите, особено за тинејџерките“, изјави Бонта.

Мета одговори на тужбата велејќи дека „веќе вовела над 30 алатки за поддршка на тинејџерите и нивните семејства“.

Компанијата, исто така, рече дека е разочарана што наместо продуктивно да работат со компании низ индустријата за да создадат јасни стандарди соодветни на возраста за многуте апликации што ги користат тинејџерите, јавните обвинители го избраа овој пат.

Вкупно, 41 сојузна држава и областа Вашингтон поднесоа тужби против Мета.

XS
SM
MD
LG