Линкови за пристапност

Стравувајќи од радикалните исламисти, Грција ја зајакнува безбедноста во камповите за мигранти


Платформите на социјалните мрежи кои се обидуваат да поттикнат насилство се надгледуваат, а осомничените се набљудуваат, поради загриженост дека може да се мобилизираат тајни ќелии на радикални исламисти.
Платформите на социјалните мрежи кои се обидуваат да поттикнат насилство се надгледуваат, а осомничените се набљудуваат, поради загриженост дека може да се мобилизираат тајни ќелии на радикални исламисти.

Грчкото разузнавање го зголеми надзорот над бегалските кампови во земјата поради радикалните исламистички повици за џихад како одговор на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Овации на прослава неколку минути по смртоносниот напад на Хамас врз Израел. ... Пофални скандирања, не од Блискиот Исток ... туку од Грција.

Како и многу други земји, Грција ја зајакна безбедноста од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, подигнувајќи го своето ниво на национална тревога на Код 4, на чекор од највисокото можно ниво.

Со оглед на тоа што десетици илјади главно арапски мигранти живеат во камповите овде, разузнавачките службеници внимателно следат стравувајќи од она што го велат на Гласот на Америка е „радикализација на исламистичките елементи“ што би можело да предизвика терористички напади, како што е убиството на двајца шведски државјани во понеделникот во Брисел и убиството на учител во петокот во францускиот град Арас.

Во двата случаи, наводните убијци рекоа дека дејствувале за милитантната група Исламска држава. Политичарите во Грција, како што е министерот за миграција и азил, Димитрис Керидис, велат дека ситуацијата е под контрола.

Тој вели дека видеата објавени од мигрантите во камп на островот Самос не се загрижувачки.

Но, разузнавачите не сакаат да ризикуваат. Велат, дека го зголемиле надзорот над камповите овде, надевајќи се дека ќе осуетат какви било злобни планови. Платформите на социјалните мрежи кои се обидуваат да поттикнат насилство се надгледуваат, а осомничените се набљудуваат, поради загриженост дека може да се мобилизираат тајни ќелии на радикални исламисти. Сепак, најголемата загриженост, според Керидис, е дека бранот мигранти предизвикан од кризата во Газа може да го дестабилизира регионот.

„Не можат да влезат само Палестинците од Газа“, вели тој, „туку и потенцијалните мигранти од Египет и Либан“, вели министерот за миграција и азил, Димитрис Керидис.

Тој вели дека и двете земји се веќе центри за милиони луѓе кои бегаат од прогонството на Блискиот Исток и Суб-сахарските африкански држави, како што е Судан, кои бараат премин на Запад.

Грција застана на страната на Израел во нејзиниот обид да го искорени Хамас, но исто така го предупреди Израел да спречи прелевање на хуманитарната криза во соседните држави и Европа - канал кој претходно го користеа исламистичките екстремисти.

Набргу по масовната бегалска криза што ги погоди Грција и Европа во 2015 година, радикалните исламисти влегоа во Европа претставувајќи се како мигранти. Двајца беа вмешани во смртоносните напади во Франција истата година.

И двајцата користеле фалсификувани сириски пасоши за илегално да влезат во земјата и да побараат привремено засолниште во бегалски камп.

Разузнавачките експерти велат за Гласот на Америка дека големи координирани терористички напади во Европа не се веројатни - но случаите на поединци кои реагираат на повикот на насилство, се сосема можни.

XS
SM
MD
LG