Линкови за пристапност

Сидни Пауел се изјасни за виновна во случајот со поништување на изборната загуба на Трамп во Џорџија


Адвокатката Сидни Пауел се изјасни за виновна за шест прекршоци поврзани со намерно мешање во извршувањето на изборните должности поради напорите да се поништи загубата на Доналд Трамп на изборите во 2020 година во Џорџија.

Пауел е второобвинета во случајот кој постигна договор со обвинителите.

Како дел од договорот, Пауел ќе одлежи шест години условна казна, ќе биде казнета со 6.000 долари и ќе мора да напише писмо со извинување до Џорџија и нејзините жители.

Пауел се согласува да сведочи вистинито против нејзините сообвинети на идните судења.

Адвокатката Пауел се изјасни во четвртокот, само еден ден пред да започне изборот на поротата во нејзиното судење.

Таа беше обвинета заедно со Трамп и уште 17 други за кршење на законот против рекет во државата.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG