Соединетите Држави соопштија дека граничниот премин меѓу Појасот Газа и Египет ќе биде повторно отворен, но времето остана нејасно бидејќи Обединетите нации предупредија за тешки хуманитарни услови во Газа, а Израел им порача на Палестинците кои живеат во северниот дел на енклавата да заминат пред почетокот на воена операција.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен, кој треба да се врати во Израел во понеделник по посетите на неколку други земји во регионот, рече дека Соединетите држави работат со Египет, Израел и ОН за да обезбедат помошта да може да влезе во Газа и да стигне до оние на кои им е потребна.
„Во текот на изминатите неколку дена, патував во Израел, Јордан, Бахреин, Катар, ОАЕ, Саудиска Арабија и Египет“, рече Блинкен во понеделникот на X.
„Она што го слушнав од секој партнер е заеднички став да се спречи конфликтот да не се шири, да се заштитат невините животи и да се добие помош за оние во Газа на кои им е потребна“, изјави Блинкен.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот соопшти дека нема договор за прекин на огнот за да се дозволи помош во Газа и за излез на странците.
Шефот на палестинската агенција на ОН за бегалци во неделата изјави дека Газа е „давлива“ и дека наскоро ќе истечат резервите на вода, храна и лекови.
„Минатонеделниот напад врз Израел беше ужасен“, им рече тој на новинарите.
„Нападот и земањето заложници се флагрантно кршење на меѓународното хуманитарно право. Но, одговорот за убивањето цивили не може да биде да се убие повеќе цивили“, рече тој.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика милитантите на Хамас кои го нападнаа Израел и зеле повеќе од 150 луѓе како заложници веднаш да ги ослободат заложниците без услови. Тој, исто така, го повика Израел да дозволи непречен пристап за хуманитарни материјали и работници до Газа.
„Секоја од овие две цели е валидна сама по себе. Тие не треба да станат договори за пазарење“, се вели во изјавата на Гутереш.
Нетанјаху во неделата вети дека ќе го „урне Хамас“ додека 300.000 израелски војници се собраа на границата на Појасот Газа пред очекуваната копнена инвазија за пронаоѓање и напад на милитантите на Хамас.
Во нападот на Хамас загинаа 1.300 Израелци и странски државјани. Израел, пак, изврши стотици воздушни напади и ракетни напади врз Газа и уби 2.750 Палестинци.
„Хамас мислеше дека ќе бидеме уништени“, рече Нетанјаху.
„Ние сме тие што ќе го урнеме Хамас“, додаде тој.
Тој рече дека шоуто на политичко единство „испраќа јасна порака до нацијата, непријателот и светот“.
Во борбите загинаа 30 Американци, а за 13 други сè уште нема информации.
Американскиот претседател Џо Бајден изрази поддршка за одговорот на Израел кон Хамас, во интервјуто „60 минути на Си-Би-Ес емитувано во неделата вечерта Израел велејќи дека „тргнува по група луѓе кои се вклучиле во варварство што е исто толку значајно како Холокаустот“.
Бајден рече дека Израел ќе направи „се што е во нивна моќ за да избегне убиство на невини цивили“.
Тој исто така рече дека би било „голема грешка“ доколку Израел го окупира Појасот Газа.
По серијата прекугранични напади во северен Израел од страна на милитантите на Хезболах во Либан, Израел во понеделникот најави евакуација на жителите од 28 села на два километри од границата.
Некои информации за овој напис дојдоа Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.