Почина долгогодишната демократска сенаторка Дајан Фајнстајн, која им ја отвори вратата на жените во политиката во Калифорнија и жестоко ја оспоруваше програмата за притвор и испрашување на ЦИА, објавија американските медиуми. Таа имаше 90 години.
Фајнстајн ја претставуваше сојузната држава Калифорнија во Сенатот повеќе од три децении, служејќи долги години во разузнавачката и судската сфера.
Таа ја предводеше забраната за оружје во стил на напад, ја истражуваше употребата на тортура од страна на Централната разузнавачка агенција по терористичките напади во 2001 година и одигра клучна улога во потврдувањето на неколку судии од Врховниот суд.
Фајнстајн беше жена сенатор со најдолг стаж во историјата на САД, како и сенатор со најдолг стаж во Калифорнија.
Таа претходно оваа година рече дека нема да се кандидира за реизбор во 2024 година.
Нејзиното последно гласање беше во четвртокот пред пладне за унапредување на нацрт-законот за привремени државни трошоци.
Таа пропушти две подоцнежни гласања во Сенатот.
Нејзината смрт ги остава демократите со уште потесно мнозинство од 50-49.
Демократскиот гувернер на Калифорнија Гевин Њусом сега треба да именува привремен наследник. Тој вети дека ќе именува црна жена на местото ако стане празно, но не по секоја цена. Една од нив е конгресменката Барбара Ли.
Други демократски кандидати кои се борат за пополнување на испразнето место законодавците Адам Шиф и Кејти Портер.