Линкови за пристапност

Најмалку 50 загинати во самоубиствена експлозија во југозападен Пакистан


Најмалку 52 лица загинаа, а 66 се повредени во петокот во југозападен Пакистан кога осомничена самоубиствена експлозија одекна во религиозна поворка.

Нападот во близина на џамија во Мастунг, нестабилна област во провинцијата Балучистан, бил насочен кон собир на муслимански приврзаници по повод роденденот на пророкот Мухамед, изјавија очевидци.

Абдул Разак, окружниот заменик-комесар, ги потврди жртвите, велејќи дека меѓу загинатите има и полицаец.

Тој за новинарите изјави дека неколку повредени се здобиле со тешки телесни повреди.

Пакистанскиот министер за внатрешни работи Сарфараз Ахмед Бугти го осуди смртоносното насилство врз невините верници, велејќи дека „терористите немаат вера или религија“.

Ниту една група веднаш не ја презеде одговорноста за насилството во областа каде што се активни милитантите поврзани со регионалниот огранок на групата Исламска држава, Исламска држава-Хорасан или ИС-К.

XS
SM
MD
LG