Воените планери на Пентагон повеќе нема да се воздржуваат кога станува збор за распоредување сили и способности за одбрана на САД и нивните сојузници во сајбер-просторот.
Одделот за одбрана во вторникот објави некласифицирана верзија на својата ажурирана стратегија за сајбер безбедност.
Мајк Еојанг, заменик-помошник секретар за одбрана, ја идентификува Народна Република Кина како предизвик во доменот на кибернетската безбедност доменот и препознава значајна закана што Русија ја претставува во сајбер - просторот.
Тој идентификуваше други постојани закани од Демократска Народна Република Кореја, Иран, транснационални криминални организации кои вклучуваат банди кои бараат откуп, сајбер - крадци и хакери.
Еојанг додаде дека новата стратегија утврдува како Одделот за одбрана, со робусен и интегриран капацитет ќе работи во и низ сајбер просторот за да го заштити американскиот народ.
Објавувањето на некласифицираната верзија на Сајбер стратегијата на Пентагон за 2023-та доаѓа повеќе од три месеци откако верзијата со ознака доверлива, беше споделена со американските законодавци.