Линкови за пристапност

САД и Велика Британија санкционираа лица кои се дел од руската група за хакерство


Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли рече дека санкциите се обид да се наруши деловниот модел на Трикбот и да се одземе анонимноста на функционерите.
Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли рече дека санкциите се обид да се наруши деловниот модел на Трикбот и да се одземе анонимноста на функционерите.

САД и Велика Британија санкционираа 11 лица кои се дел од руската група за хакерство за сајбер - криминал Trickbot, обвинувајќи ја дека таргетирала критична владина инфраструктура и бизниси, заедно со болниците, за време на пандемијата на коронавирус во светот.

Во соопштението на американскиот Оддел за финансии се вели дека целите на црната листа вклучуваат „клучни актери вклучени во управувањето и набавките“ за Трикбот, за кој велат, дека има врски со руските разузнавачки служби.

Потсекретарот за финансии Брајан Нелсон во изјавата рече: „САД се решителни во напорите да се бориме против откупниот софтвер и да одговориме на прекините на нашата критична инфраструктура“.

Ransomware се однесува на побарувачката за плаќања за отклучување на компјутерските услуги што сајбер криминалците ги замрзнале.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли рече дека санкциите се обид да се наруши деловниот модел на Трикбот и да се одземе анонимноста на функционерите.

„Знаеме кои се тие и што прават“, рече тој во изјавата.

Британските власти соопштија дека групата Trickbot изнудила најмалку 180 милиони долари од луѓе ширум светот за да ги обнови нивните компјутерски услуги. Во врска со санкциите, кои го блокираат секој имот на функционерите на Трикбот во Соединетите Држави и Велика Британија, американскиот Оддел за правда објави обвиненија против девет лица во бандата.

САД рекоа дека во еден пример, групата Трикбот користела откупен софтвер против три медицински установи во средозападната држава Минесота, „нарушувајќи ги нивните компјутерски мрежи и телефони и предизвикувајќи пренасочување на амбулантите“.

XS
SM
MD
LG