Линкови за пристапност

АСЕАН: Заостреното геополитичко ривалство меѓу САД, Кина и Русија ги зголемува тензиите во регионот


Како претседавач во заминување на АСЕАН, претходно оваа недела Видодо изјави дека блокот „се согласил да не стане застапник на која било глобална сила“.
Како претседавач во заминување на АСЕАН, претходно оваа недела Видодо изјави дека блокот „се согласил да не стане застапник на која било глобална сила“.

Среде заостреното геополитичко ривалство меѓу САД, Кина и Русија, индонезискиот претседател Џоко Видодо упати силен повик до лидерите да ги намалат тензиите и да избегнат конфликт во регионот. Говорејќи во четвртокот во Џакарта на отворањето на самитот на Источна Азија (ЕАС) https://eastasiasummit.asean.org/eas-participating-country кој ги обединува Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и нејзините партнери – Соединетите Држави, Кина, Русија, Австралија, Индија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја, Видодо ја истакна потребата од стабилност за регионот да продолжи со деценискиот мир и просперитет.

„Сите во оваа просторија имаат иста одговорност да не создаваат нов конфликт, да не создаваат нови тензии, да не создаваат нови војни“, рече тој, говорејќи на индонезиски. „Истовремено, ние имаме одговорност да ги намалиме вжештените тензии, да ја замрзнеме замрзнатата состојба, да создадеме простор за дијалог, да ги премостиме постоечките разлики.

Сепак, лидерите на трите големи сили - американскиот претседател Џо Бајден, кинескиот претседател Кси Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин - избраа да го прескокнат Самитот, испраќајќи ги наместо нив нивните соодветни претставници, потпретседателката Камала Харис, премиерот Ли Чијанг и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Како претседавач во заминување на АСЕАН, претходно оваа недела Видодо изјави дека блокот „се согласил да не стане застапник на која било глобална сила“.

Тој повтори дека Југоисточна Азија нема да стане фронтот на новата Студена војна - ветување што го даде кога го презеде претседавањето со АСЕАН од Камбоџа во 2022 година.

Пристапот на Индонезија кон политиката на големите сили е конзистентен, рече Арон Конели, научен соработник во Меѓународниот институт за стратешки студии.

„Тие го гледаат ривалството на големите сили како примарна закана за нивните интереси во регионот“, изјави тој за Гласот на Америка. „И тие го гледаат самото ривалство како закана, а не една земја, што го создава ривалството“.

XS
SM
MD
LG