Линкови за пристапност

Јапонија со телескоп од Месечината ќе го истражува Универзумот


Јапонската агенција за истражување на вселената, позната како JAXA, го емитуваше лансирањето на ракетата HII-A од вселенскиот центар Танегашима во југозападна Јапонија.
Јапонската агенција за истражување на вселената, позната како JAXA, го емитуваше лансирањето на ракетата HII-A од вселенскиот центар Танегашима во југозападна Јапонија.

Јапонија во четвртокот лансираше ракета која носи опрема на Месечината и телескоп со рендген кој ќе го истражува потеклото на универзумот.

Јапонската агенција за истражување на вселената, позната како JAXA, го емитуваше лансирањето на ракетата HII-A од вселенскиот центар Танегашима во југозападна Јапонија.

Ракетата ќе исфрли во орбитата околу Земјата сателит наречен X-Ray Imaging and Spectroscopy Mission или XRISM, кој ќе ја мери брзината и составот на она што се наоѓа помеѓу галаксиите.

Исто така во ракетата се наоѓа и Smart Lander for Investigating Moon, или SLIM, кој најверојатно ќе се обиде да слета на Месечината на почетокот на следната година, според вселенската агенција.

Овој потег доаѓа во време кога светот повторно се свртува кон предизвикот да слетаат на Месечината.

Само четири нации успешно слетаа на Месечината - САД, Русија, Кина и Индија.

XS
SM
MD
LG