Линкови за пристапност

Кина ќе испрати делегација во Северна Кореја на прославите за 75-годишнината од нејзиното основање


Кинеска делегација предводена од вицепремиерот Лиу Гуоџонг ќе ја посети Северна Кореја за да учествува на прославите за 75-годишнината од нејзиното основање, што е во сабота, соопштија севернокорејските државни медиуми во четвртокот, објави Асошиејтед Прес.

Според АП, извештајот доаѓа во време на шпекулации дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се подготвува наскоро да ја посети Русија на средба со претседателот Путин, која би можела да биде фокусирана на унапредување на разговорите за продажба на оружје од Северна Кореја за да ги наполни руските резерви исцрпени од нејзината војна против Украина.

Официјалната корејска централна новинска агенција на Пјонгјанг соопшти дека посетата на делегацијата на Лиу доаѓа на покана на владејачката Работничка партија на Северна Кореја.

Не се прецизираа настаните на кои ќе учествуваат кинеските власти или дали ќе се сретнат со Ким.

Американски официјален претставник во понеделникот рече дека Вашингтон очекува Ким да отпатува во Русија во текот на овој месец за да се сретне со Путин додека Кремљ се обидува да набави воена опрема за употреба во војната во Украина.

XS
SM
MD
LG