Линкови за пристапност

Македонските одбојкари фуриозно против Црна Гора, осминафиналето е на дофат


Македонските одбојкари фуриозно со 3:0 во сетови (25:22 25:18 25:20) ја декласираа репрезентацијата на Црна Гора во рамките на Европското првенство (ЕП) во одбојка и се чекор поблиску до осминафиналето и нокаут фазата.

Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, избраниците на селекторот Јошко Миленковски изиграа перфектен натпревар, речиси без грешки и со страотен блок и напад.

„Ова ни беше во планот, овие две победи а потоа рековме дека ќе уживаме на ова ЕП. Многу одработивме, посветивме внимание во ској аспект од нашата игра и мислам дека вроди со плод. Сакам да им се забалгодарам на убликата и прекрасниот амбиент поради кој имаме трема. Мислам дека не треба да застанеме тука. Утре имаме натпревар со едни од најдобрите во светот, тоа ќе биде магнет за публиката и уживање за нас. Натпреварот со Чешка ќе биде можноста за докажување и подобар резултат. Италија како предизвик е преголем бидејќи се светски и европски шампиони“, изјави селекторот Јошко Миленковски.

Очекувано најефикасен беше капитенот Никола Ѓоргиев со 20 поени, по него следува Александар Љафтов со 13 поени и изненадувањето на вечерта блокерот Филип Савовски со 12 поени и девет блока.

„Сакам да и честитам на цела Македонија, публиката и спортската јавност. Тоа е сонот. Само ние знаме како стигнавме дотука. Се подготвуваме напорно, имавме добри и лоши периоди, но трудот се исплати. Сонот сана реалност, во Скопје на третото по ред ЕП. Почнавме лошо исто како и во натпрварот со Данска, но искусни сме знаеме како да влеземе во натпревар“, изјави Љафтов.

Со победите над селекциите на Данска и Црна Гора, репрезентацијата на Северна Македонија речиси го закажа дуелот со Италија во Бари во осминафиналето, и треба да се случи чудо за да не се исполни овој историски успех на македонските одбојкари.

Утре во „Борис Трајковски“ е дуелот со фаворитот Полска. Во вторник и среда натпреварите со Чешка и Холандија каде ќе се оди на победа за да се избегне одбојкарската велесила Италија.

„Од тука почнува првенството. Сега се загреавме и да видиме. Утре е многу тешко. Ова е една заслужно осминафинале за нас. Јас би сакал ова да биде почеток, утре да уживаме во натпреварот бидејќи нема што да загубиме а потоа во вторник и среда да се соочиме гради во гради“, изјави капитенот Ѓорѓиев.

XS
SM
MD
LG