Линкови за пристапност

Цените растат, граѓаните плаќаат, а надлежните без договор кој е задолжен за контролниот механизам


Институциите никако да се договорат кој е одговорен околу контролата на цените на основните прехранбени продукти и што треба да се превземе за да се спречи ударот по семејниот буџет. Премиерот Ковачевски најави дека мерки ќе има и ќе се однесуваат околу маржите но и дека е можно да има проблеми со снабдување со млеко


СКОПЈЕ – Комисијата за заштита на конкуренцијата кон која дел од владините министри и бизнис заедницата посочија со прст дека треба да испита како дојде до новиот ценовен шок и дали има здружување и договарање на цени, чека преставни од надлежните институции за да направи проверки бидејќи не можела да го стори то самоиницијативно.

„Од она што го гледам на пазарот како физичко лице се слоѓувам дека цените се дигнати до плафот. Прехранбените производи имаат производители и трговци. И тоа огромен број. Каде би направиле увид? Треба да се направи на барем петстотини до илјада производители и трговци. Јас од медиумите слушнав дека се прави анализа на пазарот. Од таа анализа може да произлезе некое сознание или сомневање каде преку преставка од инспекции или министерства би стигнало до нас со одреден број на имиња на компании за кои се сомневаат дека прават штетни договори. Нашиот дел е само да ги исконтролираме штетните договори за цени и производство“, изјави Владимир Наумовски, претседател на Комисијата.

Премиерот Ковачевски најави дека владини мерки ќе има поради поскапувањето на голем дел од основните прехранбени продукти и ќе се однесуваат околу маржите односно разликата меѓу производствените и продажните цени. Тој кажа и дека е можно да се јави прблем со снабдувањето со млеко а причината ја лоцираше во војната во Украина.

„Со економските министри во Владата разговаравме во однос на идните мерки коишто ќе се преземат пред се во делот на маржите и пред се во делот на разликата на цените од производителите до финалната цена на рафт и сигурно дека ќе следуваат нови мерки, бидејќи никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните. Ќе има проблем кај млекото, бидејќи се јавува криза со снабдување со млеко и веќе утре имам состанок со министерот за земјоделство НИколовски во однос на тоа кој мерки ќе ги преземеме бидејќи се јавува недостаток во одредени региони во светот на млеко, а тоа е секако резултата на војната којашто се води во Украина“, изјави Ковачевски.

Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) вчера побара од Владата да се замрзнат цените бидејќи ценовниот шок е голем товр врз Буџетот на граѓание и паќа на нивен товар. ОПМ исто така ја посочија Комисијата за заштита на конкуренција која требало да испита дали има некакво здружување на трговците кое е причина за скокот на цените.

„Знаеме дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и дека имаме пазарна економија, но во вакви ситуации не треба да се чека, треба да се излезе со точна проценка и да се преземат мерки зашто се оди на товар и на штета на потрошувачот. За основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува. Поради високите цени, многу граѓани купуваат производи со помал квалитет или со помала нутритивна вредност, а пристапот до основните прехранбени производи е елементарно човеково право. Потрошувачот мора да има пристап до основните потрошувачки добра, особено храната – млеко, сирење, путер “,изјави Маријана Лончар-Велкова на вчерашната прес-конференција.

Бизнис-заедницата го кажа својот став дека е против владини мерки како ограничување на маржи и замрзнување на цени бидејќи цените ги диктира слободниот пазар. Тие сметаат дека долоку Владата интервенира тоа трбеа да го стори со намалување на ДДВ и даноците и со активирање на државните стокови резерви.

Министерот за економија Крешник Бектеши најави ригорозни казни и забрани за работа доколку се потврди дека имало здружување меѓу трговците за да се поскапат цените.

XS
SM
MD
LG