Линкови за пристапност

Синдикатите во образованието поделени околу можноста за штрајк


Независниот синдикат најавува штрајк поради неисполнување на одредбите од Колективниот договор и платите на вработените во образованието кои се далеку под државниот просек. СОНК не поддржува штрајк и тврди дека повисоки плати и нов колективен договор ќе има. На два дена пред почетокот на новата учебна година повеќе од извесно е дека ќе се повторат старите проблеми и ќе недостасуваат учебници за дел од учениците во основното образование


СКОПЈЕ – Дали ќе има штрајк во образованието или не останува отворено прашање. Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) најави дека размислува да го повика на штрајк своето членство поради ниските плати, доцнењето при исплатата и неисполнување на одредби од Колективниот договор. Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) е на ставот дека нема да поддржи штрајк бидејќи течат преговори за повисоки плати и нов Колективен договор.

Шест илјади денари пониска плата од просекот во државата е лоша порака која се ипраќа до вработените во образованието, сметаат од НСОН и додават дека договореното зголемување на платите во јавниот сектор не е доволно и нема да се достигне сумата на просечната плата.

„ Основната причина поради кои најавуваме дека членовите на нзависниот синдикат може да стапат во штрајк е платата. Имено почетната плата е далеку под просекот во државата и создава голем гнев кај вработените. Тука е и редовното доцнење на исплата на платата иако во Колективниот договор децдно стои дека треба да биде исплатена до 10ти во месецо. Секогаш се исплаќа подоцна, неогаш ја чекаме и до 25ти во месецот. Мора да истакнам дека Колективниот договор не се почитува и кога станува збор за додатокот за работа со деца со посебни потреби работа и не се исплаќаат награди за успешни педагошки работници.Како независен сиднкат бараме почитување на Колективните договори и платата да не биде под државниот просек“, изјави Томислав Гиевски претседател на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН).

Гиевски потенцира дека е уверен оти во текот на септември НСОН ќе има доволен број на членови бидејќи секојдневно таа бројка расте.

Од СОНК пак нема поддрша за штрајк. Ставот на синдикатот е дека нема услови за штрајк бидејќи во моментов течат преговори за зголемување на платите во образованието и се финализира потпишување на нов Колективен договор. Од СОНК велат дека Колективниот договор се почитува.

„Во моментот бараме 12,55 проценти повисоки плати како усогласување со порастот на минималната плата од лани. Лично сум уверен дека ќе биде поголемо зголемување. Со новиот Колективен договор ќе има повеќе придобивки како субвенции за транспорт и превоз, платена прекувремена работа, платена работа со деца со попреченост. Очекувам новиот Колективен договор да се потпише во текот на септември и дел од мерките со финансиска импликации да се подели со септемвриската плата. Сепак не зависи се од СОНК и можно е да се пролонгира но не повеќе од еден месец. Ние сме потписници на постоечкиот Колективен договор и одговорно тврдам дека се почитуваат одредбите. Ако од НСОН сметаат дека одребите не се почитувале требало да тужа на суд бидејќи сигурно би добиле“, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Од независниот синдикат додаваат дека проблеми има и поради новите насоки од Бирото за развој на образованието поради што иста висина на плата би земале вработении кои имаат различен фонд на часови.

„ Има потешкоти со новите насоки од Биро за развој на образованието бидејќи истите не се совпаѓаат со законот за насставници и проветни работници во делот за фондот на часови. Овие насоки влијаат врз висината на платата бидејќи се однесуваат на фондот на часови и нејасно е како ќе се наплаќаат. Вака како што е поставено во моментов иста плата ќе добијат и вработените со 15 и оние со 25 часа неделен фонд на часови“, објаснува Гиевски.

На два дена пред почетокот на новата учебна година повеќе од извесно е дека ќе се повторат старите проблеми. За учениците од трето и шесто одделение ќе недостасуваат дел од учениците и затоа ќе мора да учат од помошни материјали кои ќе бидат достапни само во електронска форма.

XS
SM
MD
LG