Линкови за пристапност

Почнува европското првенство, домаќинот Северна Македонија живее во духот на одбојката


Вечерва во салата „Борис Трајковски“ македонските одбојкари го отвараат првенството во натпрвар против селекцијата на Данска. Трето учество на континентален шампионат во низа за македонските одбојкари а целта е најмалку излез од група и пласман во следната фаза. Северна Македонија заедно со Италија, Бугарија и Израел е домаќин на Европското првенство (ЕП) во одбојка, кое ќе трае до 16 септември

СКОПЈЕ - Македонските одбојкари прв пат во својата историја ќе играат меч на Европско првенство (ЕП) на домашен терен и пред доашна публика. Скопје е еден од осумте града домаќини на ЕП а во салата „Борис Трајковски“ вечерва во 20 часот одбојкарите го отвараат првенството со мечот против селекцијата на Данска.

За македонските одбојкари ова е трет настап во низа на континаталниот шампионат а очекувањата и желбите на селекторот и репрезентативците е да се мине групната фаза и да се обезбеди пласман во следната елиминациска.

Селекторот Јошко Миленковски и одбојкарите очекуваат огромна поддршка од навивачите и домашната публика во Скопје.

Јошко Миленковски, селектор
Јошко Миленковски, селектор

„Момциве секој ден даваат сè од себе, за да ја претстават Македонија во најдобро можно светло. Ова е најголем одбојкарски настан на наше тло, можност да ја претставиме државата и нашиот спорт. Желба ни е пласман во следниот круг, мислам дека го заслуживме тоа, но не зависи само од нас туку и од противниците. Потребна ни е поддршка од сите страни, пред се од навивачите, за да се претставиме во најдобро светло и да сториме се за да се пласираме во втората фаза. Треба да го покажеме нашиот цврст карактер и борбеност, амбициите се да им се спротивставиме на сите овие моќни репрезентации. Имаме сили за тоа, верувам дека по завршувањето на ова ЕП ова ќе биде една нова историја за нашиот спорт“, изјави селекторот Миленковски.

Покрај Данска, Северна Македонија е во група со репрезентациите на Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка.

По вечерашниот натпревар, следен противник на македонските одбојкари е селекцијата на Црна Гора со која ќе ги одмерат силите во сабота навечер а веќе во недела е натпреварот против Полска. Во вторник и среда, на 5 и 6 септември, се закаѓни дуелите со селекциите на Холандија и Чешка по што ќе се зане дали македонските одбојкари го остварија зацрнатиот план пласман во следната фаза од ЕП.

XS
SM
MD
LG