Линкови за пристапност

Во Џексонвил оддадена почит кон невините жртви од масовното пукање

Околу 200 луѓе се собраа во близина на местото каде што полицијата рече дека Рајан Палметар отворил оган во саботата користејќи пиштоли што ги купил легално и покрај проблеми во минатото со менталното здравје.

Верските водачи и владините претставници се собраа во неделата во југоисточниот американски град Џексонвил во Флорида, на молитва во чест на жртвите на вооружениот бел маж кој уби тројца црнци во продавница, а потоа си го одзеде животот.

Околу 200 луѓе се собраа во близина на местото каде што полицијата рече дека Рајан Палметар отворил оган во саботата користејќи пиштоли што ги купил легално и покрај проблеми во минатото со менталното здравје.

„Денес се молиме за исцелување за семејствата, исцелување од генерациски клетви, исцелување за сите, што се тука. За да го направиме нашиот град подобар, за следната генерација“ изјави пасторот Дон Џонсон.

Меѓу говорниците беше и гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, кој беше исвиркан кога дојде на подиумот.

Гувернерот Де Сантис беше остро критикуван од црните лидери за, како што велат, нападот на неговата влада врз историјата на црнците.

„Она што го направи, е целосно неприфатливо во државата Флорида. ќе застанеме и ќе го направиме се за да се осигураме дека злото нема да триумфира во Флорида“, изјави Рон ДеСанти, гувернерот на Флорида.

Шерифот на Џексонвил потврди дека 21-годишниот напаѓач пукал во една од своите жртви додека таа седела во нејзиниот автомобил на паркингот, додека другите две биле застрелани откако тој влегол во продавницата.

Полицијата соопшти дека во неговата соба, каде што живеел со родителите, била пронајдена белешка за самоубиство, заедно со сет расистички написи кои шерифот ги опишал како „дневник на лудак“.

XS
SM
MD
LG