„Ситуацијата е под контрола“, уверуваат надлежните здравствени власти по појавата на неколку случаи на конго-кримска хеморагична треска во земјава. За ова прашање денеска, во проширен состав во присуство на министерот за здравство, расправала Комисијата за заразна болести. Препораките се да не се крева паника и да се внимава на каков било сомнителен случај кој би требал да се пријави во најблиските медицинските установи. Иако станува збор за болест која не се пренесува лесно - преку убод од крлеж, од неа досега почина една жена, а кај уште двајца граѓани е утврдено дека се заразени. Комисијата ќе и предложи на владата акциски план кој, меѓу другото, ќе опфати и дезинсекција на регионите каде ќе се утврди присуството на крлежи кои го пренесуваат вирусот.
„Заклучуваме дека нема место за паника. Се работи за болест за која и ние важиме како ендемско подрачје, што значи дека вирусот што ја пренесува е тука присутен. Онаму каде што можеме да делуваме, тоа се превентивни мерки. Информирање на населението како се добива болеста, како да се препознае и брз испраќање на сонителните случаи. Тестови за оваа болест имамае доволно,а нови количини се нарачани, исто така имаме и соодвтена терапија. Значи, колку што може една држава да биде спремна, ние сме спремни. Пак ќе кажам нема место за паника, зашто ова не е болест која лесно се пренесува, се пренесува само преку каснување од крлежи кои се заразени од оваа болест“, рече Александар Петличковски, претседател на комисијата за заразни болести.