Линкови за пристапност

Нови дискусии меѓу американски и кинески официјални лица за одбранбените односи


Одделот за одбрана соопшти дека највисокиот функционер на Пентагон за Азија разговарал за одбранбените односи меѓу САД и Кина и регионалните безбедносни прашања со претставник на кинеското Министерство за надворешни работи.

Разговорите меѓу Ели Ратнер, помошник-секретарот за одбрана на САД за индо-пацифички безбедносни прашања, и Јанг Тао, директор на Одделот за северноамерикански и океански прашања при кинеското Министерство за надворешни работи, дојдоа неколку дена откако Ратнер и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја завршија турнејата.

Патувањето се фокусираше на зајакнување на одбранбените врски со Австралија и Папуа Нова Гвинеја и промовирање на „слободен и отворен Индо-Пацифик“.

Портпаролот на Пентагон, потполковник Мартин Мајнерс, рече дека Ратнер „исто така ја нагласил тековната посветеност на Одделот за одбрана за одржување на отворени линии на воена комуникација“ меѓу Соединетите држави и Кина во неговите разговори со Јанг.

Американските власти ја нагласија за потребата од комуникација меѓу САД и Кина како начин да се избегне конфликт. Остин на азискиот Безбедносен форум во јуни изјави дека таквата комуникација е од суштинско значење за да се спречат погрешни пресметки.

Кинескиот министер за национална одбрана Ли Шангфу ги одби барањата на Остин да се сретнат за време на самитот, а двајцата шефови на одбраната само се ракуваа без никаква „суштинска размена“, соопшти Пентагон.

Некои информации за овој извештај се од Ројтерс.

XS
SM
MD
LG