Линкови за пристапност

Франција и Италија почнаа да евакуираат свои државјани од Нигер


Воените началници од Економската заедница на Западноафриканските држави (ЕКОВАС) треба да одржат разговори во средата во нигерискиот главен град Абуџа за минатонеделниот пуч во Нигер, додека неколку европски нации работат на евакуација на своите државјани од Нигер.

Владата на САД подготвува наредба за евакуација на поголемиот дел од персоналот на американската амбасада од Нигер, објави Политико.

Според истиот извор, конечната одлука за евакуација сè уште не е донесена.

Американски дипломат, кој сакаше да остане анонимен, рече дека сепак одлуката е неизбежна.

EКОВАС во кратката изјава рече дека Комитетот на началниците на одбранбените штабови ќе разговара за „политичката ситуација во Република Нигер“ на нивните состаноци што ќе траат до петок. Делегација на ЕКОВАС, исто така, се очекуваше да пристигне во среда во главниот град на Нигер на разговори со членовите на хунтата.

Француското воено и министерство за надворешни работи работеа на реализирање на повеќекратни летови за евакуација во средата од Нигер.

Министерството за надворешни работи соопшти дека првите два лета што слетале во Париз имало повеќе од 350 француски државјани заедно со лица од Нигер, Португалија, Белгија, Етиопија, Либан, Германија, Канада, Индија, Австрија и САД.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани сподели фотографија од авион на италијанското воено воздухопловство за кој рече дека слетал рано во средата со Италијанците кои го напуштиле Нигер.

Ројтерс објави дека авионот превезувал 36 Италијанци, 21 државјанин на САД, четворица Бугари, двајца Австралијци и по еден државјанин од Британија, Нигер, Унгарија, Сенегал и Нигерија. Шпанија, исто така, соопшти дека планира лет за евакуација за своите државјани.

Стејт департментот соопшти дека државниот секретар Ентони Блинкен телефонски разговарал во вторникот со нигерискиот претседател Мохамед Базум, кој беше соборен од власта од воената хунта.

Блинкен изрази „непоколеблива поддршка“ за Базум и демократијата на Нигер, соопшти Стејт департментот.

XS
SM
MD
LG