Линкови за пристапност

Министрите од ДУИ ги депонираа потпишаните оставки до премиерот Ковачевски


Петмината министри од редовите на ДУИ, на денешната седница формално ги доставија оставките како што најави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, а ќе бидат активирани во моментот кога ВМРО – ДПМНЕ ќе гласа за измените на Уставот




СКОПЈЕ – Првиот вицепремиер и минстер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за економија Крешник бектеши, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за образование Јетон Шаќири влегоа на седницата на Влада закажана за напладне носејќи ги со себе потпишаните оставки кои како што најавија ќе ги доистават до премиерот Димитар Ковачевски.

Петмината членови на Владаат ги потпишаа оставките во своите кабинети и на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавија фотогафии од чинот на потпишувањето.

„Европска иднина пред се“, гласеше постот на министерот за надворешни работи Османи.

„Ви ја предавам, почитуван премиер, мојата оставка од функцијата министер, која можете да ја активирате во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени во Собранието и истите ќе стапат во сила“, стои во оставките кои ги депонираа министрите.

Дел од нив се заблагодарија на лидерот на партијата Али Ахмети за укажаната доверба како и на премиерот Димитар Ковачевски.

Оставка најави и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој во интервју за МИА кажадека ќе ја следи одлуката на ДУИ за повлекување од владата во замена за гласот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.

Излегување на ДУИ од Владата како услов го постави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со премиерот Ковачевски во Клубот на Пратеници на 7 јуни годинава.

Премиерот Ковачевски по средбата соопшти дека на Мицкоски му понудил да ги изгласаат уставните измени и веднаш утредента ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата а Мицкоски пак понудил поддршка на уставните измени и влада без ДУИ, но со ВМРО – ДПМНЕ.

Од ВМРО – ДПМНЕ денеска се огласија со кусо соопштение дека оставките се само политички маркетинг и дека нема да поддржат уставни измени под како што велат бугарски диктат.

XS
SM
MD
LG