Линкови за пристапност

Бајден ја пофали Мелони за италијанската помош и поддршка за Украина


„Ќе зборуваме за нашата продлабочена економска врска која поттикна повеќе од 100 милијарди долари во трговијата, минатата година“, рече Бајден.
„Ќе зборуваме за нашата продлабочена економска врска која поттикна повеќе од 100 милијарди долари во трговијата, минатата година“, рече Бајден.

Американскиот претседател Џо Бајден се сретна со италијанската екстремно-десничарска премиерка Џорџија Мелони во Белата куќа, каде што двајцата ја потврдија својата поддршка за Украина и разговараа за спротивставување на растечките амбиции на Пекинг - особено значајна точка за Рим додека размислува за напуштање на кинеската инфраструктура – „Иницијатива за градење Појас и пат„

Бајден сугерираше дека САД би можеле да ја пополнат празнината. „Ќе зборуваме за нашата продлабочена економска врска која поттикна повеќе од 100 милијарди долари во трговијата, минатата година“, рече Бајден.

Според него, нема причина тоа да не може да се зголеми. Загриженоста на администрацијата на Бајден за нејзината идеологија беше олеснета со нејзината поддршка за Украина и нејзината навидум подготвеност да се повлече од иницијативата „Појас и пат“.

„Како сојузници на НАТО, трансатлантското партнерство е камен - темелник на нашата заедничка безбедност. И италијанските трупи играат клучна улога во Европа, во Медитеранот и пошироко. Италија и САД, стојат заедно со Украина, и јас ви давам комплименти за вашата многу силна поддршка против руските злосторства“, изјави Бајден.

Мелони рече дека Италија знае кои се нејзините пријатели.

Таа рече дека верува оти западните нации покажале дека можат да се потпираат едни на други многу повеќе отколку што некои верувале.

XS
SM
MD
LG