Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека е политичка одлука и погрешна но ќе ја почитува. Побара од институциите да донесат правен акт кој ќе биде основ по кој ќе постапува Владата и министертвото со кое раководи а со цел да се заштити државата од евентуален арбитражен спор. Останува на ставот дека економија постапила согласно законот со предлогот за спојување на концесиите и најавува дека „Еуромакс“ ќе остане без концесија во првиот момент кога некое надлежно министерство ќе достави негативно мислење.
СКОПЈЕ – Споени концесии за „Иловица“ нема. Владата се премисли и на вчерашната седница ја повлече одлуката донесена пред еден месец со која ги спои двете концесии на „Еуромакс“ за рудникот „Иловица“. Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека Владата донела политичка одлука со која не се согласува но ќе ја почитува и спроведува. Тој е дециден дека министерството за економија постапувало согласно законот кога станува збор за „Иловица“ и дека не ја фаворизирал странската компанија.
Одлуката на Владата за повлекување била донесена едногласно.
„Ние како министерство за економија, вчера гласавме но апстиниравме во поглед на одлуката на Владата. Ние не излегуваме во јавност за да кажеме дека нема да ја почитуваме бидејќи не сме убедени дека ова е вистинската одлука. Ние ќе направиме се што е во наша надлежност, моќ и можност да ја одбраниме оваа одлука“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.
Министерството за економија работело според законите и обврските кои произлегуваат од нив вели Бектеши и тврди дека не ја фаворизирал „Еуромакс“ со тоа што предложил до Влада да се спојат концесиите. Топката ја префрли кај другите државни институции и повторно ја презентираше комплетната правна документација поврзана со „Иловица“ од 2005 година во кој нема ниту едно негативно мислење од ниту една надлежна државна институција без разлика која политичка гарнитура ја водеше државата.
Според економија, ризикот е голем дека „Еуромакс“ ќе поведе нов според пред Управниот суд но и арбитража во која ќе бара стотици милиони евра оштета. Единствен начин за заштита според Бектеши е правен акт донесен од било која надлежна државна институција врз основ на кој Владата и државата ќе ја градат стратегијата за натамошно постапување и ќе се бранат пред судските инстанци. Ако таков акт постои „Еуромакс“ ќе остане без двете концесии.
„ Мининстерството за економија е на ставот да се донесе акт каде што се утврдува дека одредена потенцијална инвестиција е спротивна на стандардите за заштита на животна средина. Еден документ од предвидените во законот ако се одбие со акт од страна на било која државна институција, утредентка министерството за економија ќе и предложи на Владата да го раскине договорот со „Еуромакс“ за локалнитетот односно за двете концесии“, рече Бектеши.
Тој ги отфрли тврдењата на министрите Спасовски, Шуков и Птеровска дека ги манипулирал и повтори дека ја презентирал истата документација и дека имало дискусија пред гласањето, со дополнување дека вчера била далеку подолга и со различни ставови. Побара од нив јавно да кажат дали се изманипулирани или не.
Доколку „Еуромакс“ повторно побара спојување на концесиите, министерството за економија ќе достави ист предлог до Владата, да го прифати барањето. Роковите според Бектеши се ресетираат по судска пресуда па затоа тврди дека „Еуромакс“ повторно има рок од четири години да ја собере и достави документацијата за првата концесија чиј рок за доставување истече во 2016 година.
Според измените на законот за минерални суровни со кои се предвидува рудникот да биде оддалечен најмалку 5 километри и да не се користи сулфурна киселина и цијанид во процесот на екстракција на злато од рудата што неколкукратно го зголемува чиењето на самиот процес, па затоа „Еуромакс“ мора да изготви сосема нова студија за влијание врз животната средина која треба да ја достави до министерството за екологија.