Големи области на Медитеранот се под удар на интензивниот летен топлотен бран, а пожарникарите се борат да ги изгаснат пожарите низ целиот регион.
Во Северна Африка, најмалку 34 лица загинаа во Алжир.
„Луѓето кои се наоѓаа во овие автомобили сакаа да се доближат до плажата за да најдат малку посвеж воздух, но за жал, пламените јазици ги зафатија. Луѓето беа од семејствата Чибане и Зенуде, овде седум и таму девет, приближно околу 17 луѓе загинаа, деца и возрасни“, раскажува очевидец за трагедијата на плажата.
Во Хрватска пламените јазици се појавија на 12 километри од средновековниот град Дубровник доцна во вторникот.
Грција е особено тешко погодена, а властите во последните денови евакуираа повеќе од 20.000 луѓе од домовите и одморалиштата на југот на островот Родос.
Пожарите ги зафатија и Португалија и шпанската Гран Канарија.
Во САД, температурата на водата во океаните околу Јужна Флорида го достигна нивото на најголемо затоплување, според владините податоци.
Според податоците на Националната океанска и атмосферска управа, водите на Заливот Манати забележале максимална температура од 38 степени Целзиусови.