Линкови за пристапност

Блинкен за време на посетата на Тонга предупреди за кинеските инвестиции во Пацификот


Блинкен се сретна со премиерот на Тонга Хуакавамеилику
Блинкен се сретна со премиерот на Тонга Хуакавамеилику

Турнејата на американскиот државен секретар Антони Блинкен во Индо Пацифик продолжува во Нов Зеланд во среда.

Посетата доаѓа еден ден откако тој беше првиот американски државен секретар што ја посети Тонга, отворајќи ја новата американска амбасада и предупредувајќи ги земјите од Јужен Пацифик за опасностите од „предаторските“ кинески инвестиции.

Во вторникот, Блинкен се сретна со премиерот на Тонга Хуакавамеилику, во обид да ги зајакне стратешките врски со индо-пацифичкиот регион за климатските промени, безбедноста и демократијата.

Тој, исто така, изрази предупредување за помошта за Тонга од Пекинг, која драстично се зголеми во последниве години, велејќи дека често доаѓа со условувања.

„Мислам дека загриженоста што ја имавме за некои од инвестициите и императивот да се осигураме дека тие се прават транспарентно, во согласност со владеењето на правото, со одржливо финансирање, алудирајќи на состојбата со долгот во некои земји“ изјави првиот дипломат на САД.

За време на посетата на Блинкен на Нов Зеланд, тој се очекува да присуствува на Светското првенство на ФИФА за жени и исто така да ја посети и Австралија на разговари за регионалната безбедност и соработка.

XS
SM
MD
LG