Линкови за пристапност

Пендаровски: Очекувам дебата меѓу власта и опозицијата за уставните измени, гласање во септември


Стратешкиот момент за државата не смее да се испушти смета престедателот Пендаровски. Амандманите за уставните измени во вторник пред Комисијата за уставни прашања а дебатата може да трае најмногу 10 работни дена. Спикерот Џафери за 18 август ја закажа пленарната седница на Собранието на која амандманите ќе се најдат пред пратениците


СКОПЈЕ – Дебата која ќе трае неколку месеци и потоа гласање за евентуално отварање на Уставот и уставни измени, ова се предвидувањата и очекувањата на претседателот Стево Пендаровски. Тој смета дека двата таботи, власта и попозицијата, ќе најдат зеднички јазик и согласност бидејќи станува збор за исклучително важен стратешки момент од кој зависи иднината на државата.

„Ставовите на двата пола да ги наречам, двете групации во Парламентот, во однос на уставните измени е јасен и не е променет. Од вторник почнува процедурата во Парламентот. Јас очекувам во наредните неколку месеци, намерно потенцирам неколку месеци, дека ќе престојат интензивни разговори меѓу двата блока - власта и опозицијата, странските дипломати ќе бидат посебен сегмент се разбира, во кои конечно ќе може да се убедиме дека ова е стратешки момент кој не смееме да го пропуштиме за иднината на државата. Сосема небитно е кој ќе биде на власт“, изјави претседартелот Пендаровски од Пустец, Албанија каде беше во еднодневна работа посета на покана на албанскиот колега Блерим Бегај.

Претседателот смета дека измени на Уставот, доколку се случат, ќе бидат најрано кон крајот на септември и дека е нереално да се очекува нешто да се случи во текот на идниот месец иако амандманите од следната недела влегуваат во собраниска процедура.

„ Не очекувам првата фаза гласање за евентуално отварање на Уставот да се случи во август како што имаше некои најави. Моето очекување е дека тоа ќе биде најверојатно по годишните одмори, кон крајот на септемеври. Ианку целата временска рамка во која се очекува евентуално да го промениме уставот треба формално да зврши до 30 ноември, додека трае скринингот“, рече претседателот Пендаровски.

Владеачката СДСМ и опозициската ВМРО – ДПМНЕ остануваат на дијаметрално спротивставените ставови.

Од СДСМ повикаа да се гласа за уставните измени заради обезбедување на европската иднина на државата и континуирана финансиска помош од Унијата и го обвинијата лидерот на опозицијата дека работи против државните интереси.

„Процесот на интеграција кон ЕУ, мора да продолжи и затоа е важно реформите да продолжат, преку носењето на потребните уставни измени. Секој пратеник, секој политички субјект има обврска и одговорност да даде поддршка на измените на Уставот со кои ќе направиме сериозен исчекор кон реализација на стртатешката цел - полноправно членство во ЕУ. Секој кој работи на блокирање на европската иднина на земјава работи против стратешкиот интерес за членство во ЕУ и против самата Европска Унија“. Изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Од ВМРО – ДПМНЕ пак најавија дека ќе присуствуваат на расправата во Комсијата за уставни прашања за да ги образложат своите стави и зошто се против отварањето на Уставот. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, ја повика власта веднаш да ги стави измените на гласање во Собранието и е убеден декас нема да го добијат неопходното двотретинско мнозинство.

Отварањето а Уставот и внесувањето на Бугарите е услов за втората меѓувладина конференција со ЕУ. Токму ова беше пораката која ја испратија дипломатите од повеќе земји кои минатата недела ја посетија Северна Македонија и предупредија дека постои ризик Северна Македонија и Албанија да бидат раздвоени од заедничкиот пат кон ЕУ.

На 25 јули, е закажана седница на Комисијата за уставни прашања, на која ќе се најдат амандманите за уставни измени и по нив расправата може да трае најмногу 10 работни дена. Престедателот на Собранието, Талат Џафери, ја закажа пленарната седница за уставните измени за 18 август.

XS
SM
MD
LG