Линкови за пристапност

Нов општ Колективен договор и повисока плата, ССМ и Владата ставија потпис на договорот


Над 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември ќе добијат повисоки плата а до крајот на годината и регрес за годишен одмор. Од март 2025 година почнува новата методологија за пресметка на платите – просечна плата помножена со коефициентот на сложеност. За Синдикатот исправање на долгогодишна неправда за Владата системско решение за континуиран раст на платите и заштита од политички влијанија но и повисоки плати за подобри услуги за граѓаните. Попвисоките плати и регресот тежат речиси 49 милиони евра кои ќе се обезбедат со ребаланс на Буџет

СКОПЈЕ – Десет отсто повисока плата и регрес за годишен одмор или К-15 во висина од 10 илјади денари за над 130 илјади вработени во јавниот сектор. По повеќе од три години преговори Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ), како репрезентативен синдикат, и Владата денеска си подадоа рака и ставија потпис на дологочекуваниот договор за нов Општ колективен договор за јавниот сектор.

Зголемувањето на платите ќе почне да се смета од септемвриската плата, а со договорот е обезбеден и регрес (К-15) за 2024 година кој ќе изнесува најмалку третина од висината на просечната плата како и нова методолгија за пресметка на платите од март 2025 година каде коефициентот на сложеност ќе се множи со износот на просечната плата во државата.

За ССМ ова е исправање на неправда кон вработените од јавниот сектор кои немаа право на К-15 и реализација на барањата за повисоки приходи и достоинствен живот.

„По повеќе од петнаесет години поптпишуваме нов Општ колективен договор. Денеска исправаме огромна неправда. Тоа што можам да го кажам во името на ССМ, потпишувањето на овој Општ колективен договор за јавниот сектор значи дека вработените со платата од септември добиваат дополнително зголемување од 10 проценти што беше наша главна заложба како претставници на работниците за што добивме овластувања и одобрувања. Платите кои се зголемија од јануари до септември се зголемија дополнително. Исправаме непрвада во делот на исплата на регрес за годишен одмор“, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

За министерката труд и социјална политика, Јована Тренчевска е клучно што со новиот Општ колективен договор се гради сигурност за вработените во јавниот сектор.

„Заедно, низ дискусија со социјалните партнери ја донесовме методологијата за усогласување на пензии, одлуката за минималната плата и нејзин постојан раст а денес ја официјализиравме одлуката за пораст на платите на вработените во јавниот сектор туку и методологијата која обезбеудва постојан раст на платите. Општио колективен договор уредува и други прашња кои се во насока на унапредување и заштита на работничките пшрава и вреднување на трудот на работникот“, изјави Тренчевска

Систем отпорен на политички влијанија е клучната придобика од договорот со ССМ, смета вицепрмиерот за економски прашња Фатмир Битиќи. Тој е дециден дека со повисоки плати во јавниот сектор граѓаните ќе добијат подобри услуги а вработените јасна слика за нивните плати и можноста за напредок.

„Нема повеќе преговори или разговори за тоа дали и колку треба или не треба да се зголемува платата на годишно ниво на над 130 илјади вработени во јавниот сектор. Исцртуваме јасна линија на разграничување меѓу политиката и платите на оние кои професионално треба да им служат на граѓаните. Јавниот сектор го исполнуваме со атмосфера на сигурност, стабилност и предвиливост во која вработените ќе се чувствуваат ценети, почитувани, мотивирани и фер компезирани за работните обврски и штитење на јавниот интерес. Создаваме средина во која ќе може да напредуваат, да го надоградуваат и исполнат својот потенцијал“, изјави Битиќи.

Исплатата на К-15 и десет отсто повисоки плтаи ќе тежат 3 милијарди денари однонсо речиси 49 милиони евра а ќе се обезбедат со ребаланс на Буџетот во септември.

„ Тоа планираме да го направиме на начин што нема да влијае врз зголемување на буџетскиот дефицит, што значи нема да биде нов товар за даночните обврзници, односно некое ново задолжување, односно товар за граѓаните или стопанството. Затоа зборувавме цело време системско одржливо решение. Затоа одиме со транзиција и тука морам да кажам дека претставниците на синдикатите стварно покажаа голем степен на одговорност, граѓанска одговорност не само за правата на вработените на кои беа доследни и ги постигнавме сите, значи 2023 раст, 2024 заштитни механизми и раст, и 2025 исто така системско решение за просечна бруто плата. Во септември ние ова ќе го предвидиме“ изјави фатмир Бесими, министер за финансии.

ESS
ESS

Претсавниците на Конфердерацијата на самостојни синдикати (КСС) денеска на прес конференција обвинија дека Владата се обидува да „протне“ договор според кој нема да има раст на платите во 2024 година кој тие никогаш не би го потпишале и не ја исклучија можноста од протести или штрајк доколку тоа го одлучи членството.

XS
SM
MD
LG