Линкови за пристапност

Русија втор ден по ред врши напади со дронови врз Киев


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека очекува лидерите на самитот во Литванија да испратат „многу силна и позитивна порака“ за аспирацијата на Украина да се приклучи на Алијансата.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави во вторникот дека ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО сега е „само техничко прашање“.

Унгарија и Турција се единствените сојузници во НАТО кои не одобрија Шведска да се приклучи на Алијансата, а Турција во понеделникот се согласи да се откаже од своето противење.

Украинските власти во средата известија за нови руски воздушни напади, вклучително и ирански дронови „Шахид“, чија цел е главниот град Киев, втора последователна ноќ.

Серхи Попко, шеф на воената администрација на Киев, на Телеграм рече дека има воздушна тревога за Киев која траела два часа и дека украинската воздушна одбрана ги уништила „сите непријателски цели“ во областа Киев.

Беспилотните летала Шахед го гаѓаа и јужното пристаниште Одеса.

Засега нема информации за жртви. Украинската војска соопшти дека соборила вкупно 26 дронови лансирани од Русија.

Официјални лица во регионот на Киев изјавија дека остатоците што паднале од пресретнати дронови оштетиле повеќе станбени згради. Во Одеса, регионалниот гувернер Олег Кипер рече дека две беспилотни летала погодиле административна зграда на пристаништето, додека остатоците од соборените беспилотни летала предизвикале пожар во близина на терминал за жито.

XS
SM
MD
LG