Линкови за пристапност

Ерупција на вулкан во близина на Рејкјавик


Ерупцијата е во ненаселена долина во близина на планината Литли-Хрутур, на околу 30 километри југозападно од главниот град Рејкјавик.
Ерупцијата е во ненаселена долина во близина на планината Литли-Хрутур, на околу 30 километри југозападно од главниот град Рејкјавик.

Ерупција на вулкан во југозападен Исланд трет ден по ред, по зголемената сеизмичка активност во областа, соопштија метеоролошките власти на земјата, 11 месеци по официјалното завршување на неговата последна ерупција.

Ерупцијата е во ненаселена долина во близина на планината Литли-Хрутур, на околу 30 километри југозападно од главниот град Рејкјавик.

Властите ги повикаа луѓето и туристите да не патуваат до областа, позната нашироко како вулкан Фаградалсфјал, велејќи дека може да има „опасно високи нивоа на вулкански гасови“ кои се акумулираат во близина на ерупцијата.

Вулканот еруптираше двапати во последните две години без да предизвика штета или прекин на летовите, и покрај тоа што се наоѓа во близина на аеродромот Кефлавик, меѓународниот центар за воздушен сообраќај на Исланд.

XS
SM
MD
LG