Линкови за пристапност

Осум арбитражни спора, 1,4 милијарди евра барања за отштета од Северна Македонија


Еден добиен, еден загубен и еден повлечен спор е резултатот на адвокатските канцеларии кои ја бранат државата во арбитражните постапки а кои се бираат од листата на триесетте најдобри во светот. Со пресуда засега само „Хеленик Петролеум“ може да наплати 21 милион евра компензација за штета. Неколку спорови се во тек и во нив шетата која треба да ја плати државата доколку ги загуби е над 600 милиони евра. Државниот завод за ревизија бара да се лоцира одговорност кај лицата поради кои се поведени арбитражни спорови



СКОПЈЕ – Арбитражен спор пред меѓународна институција во кој некоја компанија бара наплата на шетата од странска држава е честа пракса кога правилата на игра или договорите се нарушени. Таков е и случајот со нашата држава против која од 2017 година па досега се поведени осум арбитражни спора од кои пет се во тек. Вредноста на овие спорови е речиси 1,4 милијарди евра кои доколку ги загуби Северна Македонија ќе требаше да ги плати.

Досега се завршени три спора, во еден тужителот кој бараше вкупно 500 милиони долари оштета се повлече, еден државата го доби а еден го загуби и ќе треба да плати штета од 21 милион евра.

Во арбитражните спорови Северна Македонија, без исклучок, ја застапуваат странски адвокатски канцеларии, кои се бираат од листата на триесетте најдобро рангирани канцеларии во светот а досега за нивните услуги е платемно околу 15 милиони евра или околу еден процент од вкупната сума на споровите во кои тие ја застапувале Македонија.

Северна Македонија го доби спротот со холандската компанија „Кунико ресорсис“ која бараше 74 милиони долари штета поради според нив незаконска стечајна постапка за „Фени“. Холандската компанија е задолжена да плати три милиони долари на адвокатската компанија која ја застапуваше Македонија.

Досега единствениот арбитражен спор кој Северна Македонија го загуби е со „Хеленик петролеум“ и спорниот договор за испорака. Од Влада се децидни дека ќе се плати помала сума од досудената и нагласуваат дека со оваа пресуда се забранува „Хеленик Птеролеум“ да поведе уште еден, трет арбоитражен спор и да бара наплата на шетата за период од 2012 до 2019 година.

Индската компанија „Бинани“ во два наврати поведе арбитражен спор против државата, во првиот се повлече и сега тужениот однонсо државата бара присилна наплата на трооците за адвокатите и постапката, додека втората се запре и во моментот се пресметуваат трошоците кои индијската компанија ќе треба да ги плати на адвокатите и постапката.

Активни спорови во моментов се Блажо Тасев против државата кој бара оштета од 492 милиони евра за според тужбата незаконска експропријација на имотот на „Саса“ од 2004 година кога тој победил на јавно наддавање, шестмина украински државјани кои бараат оштета од 78 милиони евра заради раскин на концесијата во „Казандол“ по рефередумот на локалното население кое гласаше за одземање, турската „Гама Гуч“, која бара 5 милиони евра штета околу стечајна постапка во „ТЕ-ТО“ и спорот кој го води италијанската компанија „Инс Системи“ кои требаше да го градат Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ но договорот кој о потпиша тогашниот министер Тодоров го раскина неговиот наследник Филипче. Очекувањата во однос на овој спор се неповолни а нема да биде изненадување и доколку се поведе арбитражен спор околу „Иловица“ кој е можно да тежи и до една милијарда евра.

Државниот завод за ревизија, во извештајот за работењето на Владата не најде замерки околу начинот на кој се ангажираат адвокатски канцеларии но побара да се утврди одговорност за лицата поради кои се поведени арбитражни спротиви против државата.

XS
SM
MD
LG