Истрагата е со кодно име „Феникс“. Екс функционерите Груевски, Ставревски и Канческа, градоначалниците на Општина Центар Тодоровиќ и Аларова претседателот на Советот во Општината Здравев како и четири фирми од државата но и три од Италија и еден италијански државјанин се меѓу осомничените. Станува збор за пари исплатени за 11 споменици во рамките на проектото „Скопје 2014“ изработени во Италија меѓу кои и „Воинот на коњ“. На еден од приведените веќе му е одреден притвор
СКОПЈЕ – Петнаесет лица учествувале во во криминална операција преку се периеле огромни суми пари кои биле исплаќани за леење на 11 споменици во рамките на проектот „Скопје 2014“ по далеку пониска цена од таа што била исплаќања со Буџетски пари.
Осомничени за случајот се експремиерот Никола Груевски,поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, поранешниот претседател на Советот за Општина Центар Владимир Здравев а петто и шесто осомничени се екс-градоначалниците на Општина Центар Владимир Тодоровиќ и неговата претходничка Виолета Аларова. Меѓу осомниечните е и државјанин ан Р. Италија.
Еден од осомничените, осмиот по ред, е италијански државјанин. Сите тие, обединети во случајот со кодно име „Феникс“, според обвинителството, испрале огромна сума на пари, преку леењето на спомениците, а како што рече обвинителот Љубомир Лапе, кој го водеше случајот „под превез на државотворно значење на личностите“.
Во истрагата под кодно име „Феникс“ е утврдено дека за леење на спомениците „Воин на коњ“, „Гоце Делчев“, „Даме Груев“,„Методија Андонов – Ченто“,„Основачите на ВМРО“, „Цар Самоил“, „Јустинијан Први“,„Никола Карев“, „АСНОМ“ и лавовите поставени на мостот „Гоце Делчев“ се исплатени над 57 милиони евра а сомнежите се дека се испрани на 16 милиони евра кои завршувале на различни банкарски сметки.
Од петнаесетте осомничени за седуммина се бара притвор, приведени се Тодоровиќ и Здравев кои се спроведени на распит пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен Суд а за Здравев веќе е прифатено барањето на Обвинителство и одреден е притвор.
Истрагата ја почна тогашното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) а по неговото згаснување ја продолжи Обвинителството за гонење на организиран криминал и користена е правна помош од пет странски држави.
Според официјалните информации на Обвинителството, кои беа презентирани денеска на прес конференција, кривичното дело е извршено во перидот од 2007 до 2013 година.
„Под превезот на државотворното значење на личностите за кои се подигаат споменици, осомничените започнале проект во јавноста познат како Скопје 2014, за кој реално не постои одлука, проект, програма од надлежен орган. Преку Министерството за култура и третоосомничената се подготвувале и поднесувале иницијативи за изградба на споменици под изговор дека се работи за спомен обележја од локално значење за жителите на Општина Центар. Иако станувало збор за личности кои се од значење на државата, иницијативите за подигнување на споменици се поднесувале пред Советот на општина Центар и како резултат на тоа започнале и се спроведувале постапки за подигнување на меморијални споменици за кои единствено надлежно согласно закон е Собранието“, рече обвинителот Лапе.
Откако Собранието е заобиколено а со тоа и собраниската контрола, од Буџетот се префрлни 57,6 милиони евра кои двајцата градоначалници ги прифаќале како капитални дотации.
Според обвинителството леарницата во Италија не ги исполнувала условите ниту пак имале доставено целосни понуди но тоа не било пречка двајцата градоначалници да ги отфрлаат сите други понуди кои пристигале на адреса на Општина Центар.
Како пример обвинителот Љубомир Лапе го наведе споменикот даме Груев за кој е платено 4,7 милиони евра а во леењето во Италија чинело 2,3 милиони евра.
Исплатените буџетски пари се ваделе во кеш и се переле преку офшор компании.
„Во периодот од 2008 година до 2009 година од Фиренца, преку две осомничени фирми со кои управувал, во неколку наврати, преку банкарски трансакции по основ на фиктивни фактури, пренел и пуштил во оптек од Република Италија директно на правно лице во РСМ пари во износ од 177.221 евра кои претходно ги примил. Овие средства од сметката на правното лице биле подигнати во готовина и предадени на еден од осомничените, притоа дел од нив биле префлени на сметките на други правни лица, од каде повторно биле подигнати во готовина и предадени на еден од осомничените“, изјави Лапе.
За офшор компаниите, според обвинителството, бил задолжен Здравев кој создал мрежа на компании во Северна Македонија и Италија преку кои се переле парите.