Линкови за пристапност

Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени: Протест против законите за родова еднаквост и матична евиденција


Жената ја сведуваат на поткатегорија, изедначувајќи ја со мажи кои никогаш нема да бидат жени во вистинска смисла на зборот.. Ова, меѓу другото го истакна поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан
Жената ја сведуваат на поткатегорија, изедначувајќи ја со мажи кои никогаш нема да бидат жени во вистинска смисла на зборот.. Ова, меѓу другото го истакна поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан

Жената ја сведуваат на поткатегорија, изедначувајќи ја со мажи кои никогаш нема да бидат жени во вистинска смисла на зборот.. Ова, меѓу другото го истакна поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан на собирот против носење на законите за Родова еднаквост и за матична евиденција.

Собирот се одржа пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, под мотото „Имаме должност“. „Не сакаме мажи во женски тоалет“, „Стоп за модерната инквизиција“, „Не сум родител 1, или 2“, беа само дел од транспарентите што може да се видат на собирот на кој беа присутни повеќе илјади граѓани.

Жената ја сведуваат на поткатегорија, изедначувајќи ја со мажи кои никогаш нема да бидат жени во вистинска смисла на зборот
Г.г Стефан, поглавар на МПЦ-ОА

На бината беа присутни повеќето од високодостојниците од МПЦ-ОА, како и бискупот на македонската Католичка црква, Киро Стојанов. Главното обраќање го имаше поглаварот на МПЦ-ОА, Г.г. Стефан.

„Свесни сме за намерите на организации и движења кои зајакнаа, влегоа во државните институции и пишуваат закони како двата несреќни закона - за родова еднаквост и матична евиденција, кои целат не само да ја секуларизираат црквата, туку и да ја присилат да зборува со некојси светски поредок кој им е туѓ на апостолите“, додаде Г.г. Стефан.

Г.г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА: Да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и со сексуализација на нашите најмлади
Г.г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА: Да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и со сексуализација на нашите најмлади

Тој се осврна и за наставата во училиштата, упатувајќи критики кон родовите теми во учебниците.

„Во нашите училишта без согласност на родителите се делат наставни листови кои промовираат хомосексуалност и истополови бракови... Апелираме да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и со сексуализација на нашите најмлади, да престане крајно неприфатливото лишување на родителите од нивните родителски права и на децата од нивното детство“, истакна поглаварот на МПЦ-ОА.

На присутните им се обрати и академик Катица Ќулафкова која рече дека и дека патот кон ЕУ е условен од прифаќање на новите родови одредби.

Приоритет на повелбата на Еропската унија се трансродовите идентитети и политики за нивна институционална поддршка
Катица Ќулафкова, Академик

„Тие приоритети се на пат да станат доминантна европска вредност. Со нив државите ‒ аспиранти и членки на ЕУ се насочуваат да донесат соодветни законски регулативи, а со регулативите доаѓаат и санкциите. Полека, но сигурно, се промовира култура на „позитивна дискриминација“ по родова основа“, рече Ќулафкова и додаде дека пристапот до фондовите од ЕУ веќе е условено од трансродово балансирање.

„Приоритет на повелбата на Еропската унија се трансродовите идентитети и политики за нивна институционална поддршка“, рече Ќулафкова.

На собирот имаше голем број граѓани и од другите градови, кои во Скопје пристигнале со организиран автобуски превоз.

„Да се сочува и да се задржи семејството како што треба. Да се знае што е маж, што е жена. Носењето на законите ќе донесе повеќе проблеми, отколку решенија. На пример, дали маж што се почувствувал како жена, ќе треба да оди во пензија на 62 години“, ни изјави Лидија од Скопје, која со пријатели беше присутна на собирот.

Петар Георгиевски - Камиказа, музичар: Немам никаков проблем за некој да има различна љубов кон истородни полови, но не тоа да се учи и практикува во училиште.
Петар Георгиевски - Камиказа, музичар: Немам никаков проблем за некој да има различна љубов кон истородни полови, но не тоа да се учи и практикува во училиште.

Меѓу присутните беше и лидерот на групата „Меморија“, Петар Георгиевски – Камиказа, кој истакна дека дава целосна поддршка за пораките упатени од поглаварот на МПЦ-ОА.

„Лично немам никаков проблем за некој да има различна љубов кон истородни полови. Но не тоа да се учи и практикува во училиште. Од Бога е дадено да бидеме маж и жена, а не родител број еден и родител број два“, рече Георгиевски во изјава за Гласот на Америка.

Минатата недела во Скопје се одржа Парада на Гордоста со учество од припадници и поддржувачи на ЛГБТИ+ заедницата
Минатата недела во Скопје се одржа Парада на Гордоста со учество од припадници и поддржувачи на ЛГБТИ+ заедницата
Моја надеж е дека црквата ќе излезе на протест и за други прашања, како што е растечката сиромаштија
Ирена Цветковиќ, активистка за родова рамноправност

Пред една недела во Скопје се одржа Парада на гордоста, на која припадници од ЛГБТИ+ заедницата укажаа дека се соочуваат со дискриминација и побараа да се изгласаат законите за Родова еднаквост и за водење на матичните книги, а со кои се предвидува можноста за индивидуално наведување на родовата определеност.

„Законот за матична евиденција во ниту еден свој член не го допира уредувањето на семејството. Сепак, секој има право на протест. Но, моја надеж е дека црквата ќе излезе на протест и за други прашања, како што е растечката сиромаштија и сериозното кршење на работничките права“, ни изјави активистката за родова рамноправност Ирена Цветковиќ за време на одржувањето на парадата на гордоста во Скопје.

Тренчевска: Со законот за родова еднаквост ниту се третира менувањето на полот, ниту пак, истополовите бракови
Тренчевска: Со законот за родова еднаквост ниту се третира менувањето на полот, ниту пак, истополовите бракови

Министерката за труд и социјала, Јованка Тренчевска во денешниот брифинг со новинарите истакна дека станува збор за два различни закона кои третираат различна проблематика.

„Предлог Законот за родова еднаквост третира еднакви можности на жените и мажите. Предлог Законот ја унапредува положбата на жените во сите сфери во општеството. Со овој закон ниту се третира менувањето на полот, ниту пак, истополовите бракови, туку се бави со унапредување на положбата на жените, како и еднаквите можности на мажите и жените во општеството. Воспоставување на еднаквост, создавање на видливост на жената во општеството е единствената намера на креаторите на овој закон,“ рече Тренчевска.

Министерката додаде дека Предлог Законот за родова еднаквост сè уште е во консултативен процес и не е влезен во владина процедура.

XS
SM
MD
LG