Линкови за пристапност

Почина Кристин Кинг Фарис - последната жива сестра на Мартин Лутер Кинг Јуниор


Почина Кристин Кинг Фарис, последната жива сестра на Мартин Лутер Кинг Јуниор.

Нејзината внука Бернис Кинг на Твитер објави дека нејзината тетка починала во четвртокот.

Таа имаше 95 години. Со децении по убиството на нејзиниот брат во 1968 година, Фарис работеше заедно со неговата вдовица, Корета Скот Кинг, за да го зачува и промовира наследството на Кинг.

Таа и помогна на нејзината снаа да го изгради Центарот Кинг и помогна да ја научи филозофијата на ненасилен отпор на Мартин Лутер Кинг Јуниор.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG