Линкови за пристапност

Стејт департмент: момчиња и млади мажи се соочуваат со зголемен ризик од трговија со луѓе во светот


“Реалноста е дека секое лице, без разлика на пол, без разлика на родов идентитет, може да биде цел на трговците со луѓе“, изјави државниот секретар на САД.
“Реалноста е дека секое лице, без разлика на пол, без разлика на родов идентитет, може да биде цел на трговците со луѓе“, изјави државниот секретар на САД.

Стејт департментот на САД го објави својот годишен извештај за трговијата со луѓе, а меѓу некои од неговите наоди се: онлајн измамите што ги наведуваат луѓето на принудна работа се во пораст, а момчињата и младите мажи се соочуваат со зголемен ризик од трговија со луѓе.

Како што трговијата со луѓе се шири ширум светот, на повеќе од 27 милиони луѓе им е ускратена автономијата над сопствениот живот и постапки, рече aмериканскиот државен секретар Ентони Блинкен додека го објави извештајот за трговијата со луѓе за 2023 година.

Блинкен изјави дека „порастот на трговијата со работна сила со користење на онлајн измами, кои се намножија бидејќи поголем дел од светот има пристап до интернет. Пандемијата го надополни овој тренд. Трговците со луѓе ја искористија широката невработеност за да регрутираат жртви со лажни огласи за работни места, а потоа ги принудија да водат меѓународни измами“.

Тој исто така, ги опиша машките жртви како „занемарен сегмент на трговија со луѓе“.

„Со години постои општо прифатено, но неточно верување дека трговијата со луѓе влијае исклучиво на женските жртви. Оваа лажна перцепција имаше некои сосема искрено погубни и опипливи последици, со многу помалку услуги за поддршка кои обично се доделуваат на машките жртви. Реалноста е дека секое лице, без разлика на пол, без разлика на родов идентитет, може да биде цел на трговците со луѓе“, изјави државниот секретар на САД.

Синди Даер, амбасадорката на САД за следење и борба против трговијата со луѓе, ја нагласи посветеноста на Соединетите Држави за ставање крај на оваа практика.

„Редовно одржуваме состаноци меѓу 20 агенции за да ги разгледаме и усовршиме нашите федерални стратегии за борба против трговијата со луѓе. Ние ги вклучуваме препораките на преживеаните во нашето креирање политики и програми“, изјави Даер.

Таа истакна дека САД соработуваат со соседните земји за да го намалиме ризикот мигрантите да станат плен на трговците со луѓе. „Се залагаме за партнерства со технолошки компании и финансиски институции за подобро гонење на трговците со луѓе“, оцени амбасадорката на САД за следење и борба против трговијата со луѓе.

Извештајот на Стејт департментот за 2023 година ги оценува напорите на 188 земји и територии во борбата против трговијата со луѓе.

XS
SM
MD
LG