Линкови за пристапност

Повисоки плати или генерален штрајк, синдикатот на УЈП со предупредување


Дали ќе се исплаќаат плати и дали ќе функционира даночниот систем во државата наредниот месец ќе зависи од процесот на медијација меѓу УЈП и министерството за финансии. Постапката за генерален штрајк е почната а вработените во УЈП ќе продолжат со двочасовни протести на работното место. 30 отсто повисока плата ни е загарантирана со постоечкото законско решение, тврдат од синдикатот. Финансии на став, нов Закон за плати а не поединечни решенија. Вработените во Царина, кои го имаат истото барање утре излегуваат на предупредувачки протест




СКОПЈЕ – Триесет отсто повисоки плати или генерален штрајк и блокада на даночниот сиситем и исплатата на плати. Ова е условот на синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) кој го достави до министерството за финансии. Процедурата за генерален штрајк е почната, ќе се оди на процес на медијација.

Од денеска сите вработени во УЈП почнаа со двочаовен протест од 10 до 12 часот што ги затекна граѓаните кои останаа пред вратите на УЈП. Протестот ќе продолжи секој работен ден до исполнување на барањњата а доколку процесот на медијација пропадне генерален штрајк може да има за петнаесетина дена.

„Раководството на синдикалната организација „Солидароност“ спроведува активности за одржување на генерален штрајк. Одлуките се донесени, постапката почнува денеска и утре пред надлежните институции. Потребно е да се спроведе период на помирување. Од страна на синдикалната организација ќе предложиме помирувач од министерството за труд и социјална политика и ќе биде известен работодавачот. Доколку двете страни ги запазат роковите до датумот на генералниот штрајк би требало да се дојде во рок од петнаесет дена. Протестите на вработѕните во Управата ќе продолжат“, изјави Васе Недановски, претседател на синдикат „Солидарност“ - УЈП

Синдикатот на УЈП посочува дека постоечките закони и колективен договор предвидуваат повисоки плати за 30 отсто и поради тоа министерството за финансии грешки кога тврди дека не може да има поединечни решенија. Синдикалците се повикуваат на член 66 од Законот за Буџети и автентичното толкување по тие одредби од Собранието.

„Нашето инсистирање на зголемување на платите е врз основа на законско решение кое е на сила и во примена. Протест и барање на плати е основан Законската основа важи за сите инволвирани страни и во тој дел сметам дека случајот на одобрувбање и потпишување на КОлективен договор треба да боиде земен и третиран надвор од концепцијата на новиот закон за плати и работни односи во администрацијата во целина“, дополнува Недановски.

Од министерството за финансии соопштија дека поединечни решенија не може да има и дека вработените во УЈП ќе треба да почекаат нов Закон за плати на вработените во јавниот сектор и нов Општ колективен договор за јавниот сектор за кој се преговара во Економско социјалниот совет.

Покрај УЈП и Царина излегува на протест. Вработените во Царинската управа го имаат идентичното барање – 30 отсто повисока плата.Протетот кој ќе се одржи утре на пладне е со предупредувачки карактер а од синдикатот УПОЗ предупредуваат на можна радикализација и блокирање на граничните премини.

Незадоволството во УЈП и Царинската управа кулминираше откако министерот за финансии Фатмир Бесими, ги зголеми платите само на вработените во министерството а не и останатите единици во склоп на министерството со образложение дека кадарот си заминува.

XS
SM
MD
LG