Колку ќе биде цената на струјата за домаќинства најмногу зависи од цената по која ЕСМ ќе му продава мегават час на ЕВН Хоум. Сите чекаат на пресметките на државната копанија. Регулаторите тврдат дека кражбите на струја нема да ги признаат како трошоци и нема да влезат во финалната цена која ќе ја плаќаат граѓаните. Ефтина тарифа во интервал од два часа е заложба на регулаторната комисија но мора да се регулира со броилата и блок тарифите
СКОПЈЕ – 10 или 18 отсто ќе биде данокот на додадена вредност на струјата при пресметката на новата цена која ќе треба да ја плаќаат граѓаните. Претседателот на Регулаторната комисија каде што се прават анализите и пресметките, Марко Бислимовски, смета дека враѓањето на ДДВ-то на 18 отсто може да се пролонгира до почетокот на идната година, но сепак таа одлука треба да ја донесе Владата.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими, беа прецизен одговор дали ќе и предложи на Владата да не се зголеми данокот.
„Како Влада во однос на антикризните мерки повторив неколку пати досега. Ги гледаме сите можни варијатни и опции. Последното е дека се гледа мерките да бидат поефикасни и ефективни.Ние од 2020 година досега имаме интервенирано со 2 милијарди евра. Ќе продолжиме во текот на оваа година со мерки за поддршка на граѓаните и стопанството со таргетирани мерки бидејќи од друга страна треба да го менаџираме Буџетот во однос на дефицитот и јавниот долг. Со одредени мерки ќе им се излезе на граѓаните во пресрет. Владата има проектирано 225 милиони евра за анти кризни мерки годинава и зависно од потребите така ќе интервенираме“, одговори Бесими на прашање дали ќе има повисок данок или не.
Доколку од 1 јули ДДВ-то за струја се врати на 18 отсто тоа ќе влијае со 7,2 отсто повисока цена за струја за домаќинствата.
„Влијанието на ДДВ-то врз основа на цена е 7,3 проценти. Јас сметам дека ДДВ-то од 10 проценти би било добро да остане барем до крајот на годината па понатака да се разгледуваат и можности за враѓање ан ДДВ-то. Се разбира во министерството за финансии најдобро ги знаат приходите во Буџетот а ДДВ-то е најголема ставка за приходите во Буџетот и претпоставувам дека калкулираат со субвенциите кои ги даваат кон ЕСМ. Според мене прерано е да се врати ДДВ-то на 18 проценти“, изјави Марко Бислимовски.
Бислимовски е дециден дека граѓаните нема да ги плаќаат кражбите на струја бидејќи регулаторната Комисија и кај МЕПСО и кај Електродистрибуција излезените фактури ги пресметува како 100 отсто наплатени.
„Кога ја определуваме цената на електрична енергија, и на МЕПСО и на Електродистрибуција, им сметаме стопроцентна наплата на електрична енергија. Ако некој не платил тоа си е проблем на МЕПСО, на Електродистрибуција и на ЕВН Хоум. Значи, тоа што е фактурирано, тоа мора да го наплати и тука не признаваме никакви дополнителни трошоци, ниту кај МЕПСО, ниту кај Електродистибуција, ниту кај ЕВН Хоум. И доколку имаат проблеми и со наплата и со кражби, тоа си е нивна работа и оди на грбот на самите компании“, вели Бислимовски.
Во моментов во Регулаторната Комисија се прават анализи околу враќањето на ефтината струја, познато е дека ќе биде во траење од два часа во интервалот од 12 до 16 часот но прецизно кои дополнително ќе се утврди и зависи од пазарот на струја.
„Собираме податоци од цени на берзи како се движат, да видиме реално кој период е најповолен од аспект на цена. Нема тука политика. Дополнително определени технички предусловите треба да се исполант од операторот на дистрибутивнот систем бидејќи кога ќе почне сакаме да бидат опфатени што еможно повеќе граѓани и дополнително билинг системот на универзалниот снабдувач ќе мора да се интервенира во него бидејќи ќе се вовоеде период на ефтина тарифа чија цена ќе биде иста како што е во текот на ноќта. Технички кога ќе поне враќањето на ефтината тарфиа зависи од операторот на системот бидејќи во делот на скапата тарифа воведовме четири блока, нивните броила имаат одреден број на податоци кои ги собираат“, објаснува Бислимовски
Дали и колку ќе поскапи струјата зависи исклучиво од ЕСМ и цената за мегават час која државната компанија ќе ја понуди на универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ а која треба да биде одобрена од Владата. Неофицијално пресметките се дека треба да изнесува околу 73 евра за компанијата да работи рентабилно.
Енергетските оператори МЕМО, МЕПСО и Електродистрибуција ги доставија своите пресметки во кои бараат зголемување на цените на нинвите услуги за 30 до 80 отсто.