Линкови за пристапност

Хокеарите на „Златните витези“ од Лас Вегас го освоија Стенли купот


„Златните витези“ влегоа во натпреварот со водство од 3-1 во серијата „најдобар од 7“ и постигнаа два гола уште во првиот период.
„Златните витези“ влегоа во натпреварот со водство од 3-1 во серијата „најдобар од 7“ и постигнаа два гола уште во првиот период.

„Златните витези“ на Лас Вегас го освоија шампионатот во Националната хокеарска лига на САД во вторникот навечер со доминантна победа од 9-3 над Флорида Пантерс во петтиот натпревар од финалето на Купот Стенли.

„Златните витези“ влегоа во натпреварот со водство од 3-1 во серијата „најдобар од 7“ и постигнаа два гола уште во првиот период.

Флорида возврати со брз гол на почеток на вториот период, но секој обид беше залуден, да ја продолжат сезоната.

Лас Вегас постигна уште четири голови во тој период за да поведе со 6-1 и да остави малку сомнеж дека нема да го слави првиот шампионат во кратката историја на спортската франшиза.

„Златните витези“ првпат беа во финалето на Купот Стенли во нивната прва сезона во 2018 година, но ја загубија финалната серија од „Вашингтон Капиталс“.

Ветеранот и крилото Марк Стоун го отвори резултатот за Лас Вегас, а потоа постигна уште два гола со што стана првиот играч кој постигнал хет - трик во финалето на Купот на Стенли од 1996 година.

Крилниот напаѓач Џонатан Марчесо, кој го поттикна триумфот на Лас Вегас со 13 гола и 12 асистенции за време на плеј-офот, беше награден со трофејот Кон Смајт за најкорисен играч во пост-сезоната.

Некои информации за овој извештај се од Асошиејтед прес.

XS
SM
MD
LG