Линкови за пристапност

Ирак ги повика земјите да ги вратат своите граѓани од кампот поврзан со екстремистичката Исламска држава


БАГДАД (АП) - Ирак ги повикува земјите кои имаат граѓани во широкиот камп во североисточна Сирија каде се сместени десетици илјади поврзани со групата Исламска држава, да ги вратат своите државјани.

Ирачките власти во понеделникот предупредија дека кампот Ал Хол стана „извор за тероризам“.

Изјавите беа дадени за време на конференцијата во Багдад на која се разговараше за ситуацијата во кампот.

Ал-Хол има околу 51.000 луѓе, огромно мнозинство жени и деца, вклучително и сопруги, вдовици и други членови на семејствата на милитантите на Исламска држава.

Повеќето се Сиријци и Ирачани. Но, има и околу 8.000 жени и деца од 60 други националности кои живеат во дел од кампот познат како Анекс.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG