Линкови за пристапност

Работна група на СДСМ ќе ги продолжи разговорите со ВМРО – ДПМНЕ околу уставните измени


СДСМ Централен одбор
СДСМ Централен одбор

Одлуката за формирање на работна група ја донесе Централниот одбор на партијата а со неа ќе раководи генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски. Од ВМРО ДПМНЕ со порака дека владечката партија има два предлога на маса од кои треба да избер како ќе тече процесот кон измените на Уставот.

СКОПЈЕ – Работна група на СДСМ ќе ги продолжи разговорите со опозициската ВМРО – ДПМНЕ околу начинот на кој би се спровеле измените на Уставот и внесување на Бугарите во насока на исполнувањето на условите и остварувањето на стратешката цел на државата, членство во Европската Унија.

Највисоките партиски тела на СДСМ му ја дадоа поддршката на претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски, а работата група е овластена да преговара со сите сите други парламентарни политички партии за операционализација на следните конкретни чекори.

„Го поздравуваме првиот чекор којшто го направи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со прифаќањето на уставните измени. Централниот одбор на СДСМ оценува дека сето ова е добра основа за продолжување на дијалогот со сите парламентарни политички партии. Оттука, Централниот одбор на СДСМ донесе Одлука за формирање на работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни политички партии за операционализација на следните конкретни чекори“ изјави Богданка Кузеска, портпарол на партијата.

Од СДСМ нагласија дека изборот пред сите политички партии е: интеграција во ЕУ или изолација и повикаа на обединување.

Понудата на ДУИ од СДСМ ја оценија дека е чекор кон носење на уставните измени и влез на Северна Македонија во ЕУ а не партиски калкулации.

Од ВМРО – ДПМНЕ со порака до СДСМ дека треба да изберат меѓу двата предлози кои им ги доставиле а тоа се преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ, или избори со гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур и измени од влада без ДУИ поддржана од опозицијата.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски пак од Охрид порача дека премиерот Ковачевски набрзо ќе си замине од премиерската функција.

XS
SM
MD
LG