Линкови за пристапност

Не е добар за директор, но е добар за советник, министерот Меџити го кани кардиохирургот Јовев во својот кабинет


Јовев вели дека ќе одлучи за понудата откако ќе има средба со министерот и додава дека местото му е на Клиниката со пациентите. Здравство ги соопшти причините за разрешувањето кои се административни, евиденција на работно време и согласност за дежурства. Разрешениот директор е дециден нема злоупотреби а мојот персонал работи многу повеќе отколку што е платен. Новиот директор ќе се бира од вработените во Клиниката кои веќе застанаа зад Јовев. Македонското лекарско друштво бара да се повлече решението за разрешување

СКОПЈЕ – Административни пропусти а не суета е причината поради која е докторот Сашко Јовев е разрешен од директорската функција на Клиниката за Кардиохирургија, тврди министерот за здравство Фатмир Меџити. Но, иако не е добар за директор, докторот Јовев е добар за советник па министерот Меџити преку медиумите го покани во неговиот кабинет и најави дека ќе го зголеми буџетот на програмата за трансплантација.

„Го повикувам почитуваниот професор да ми биде национален советник за кардиохирургија. Наследениот Буџет кој беше многу дефицитарен за што реагираа од Кардиохирургија, јас сум подготвен да направем се за да го зголемам со цел Клиниката за Кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционира подобро, да ги подобриме резултаите и во корис на пациентите. Пчитуваниот професор Јовев ќе продолжи да работи на Клиниката за кардиохирургија и ќе ја има мојата поддршка во натамошното работење. Посебна благодарност за сите трансплантации за Јовев и неговиот тим“, изјави министерот Меџити.

Сега веќе пораншениот директор на Клиниката, Јовев вели дека му претставува чест и задоволство понудата за советник но таа треба лично да ја добие и да разговараат очи во очи со министерот Меџити но додава дека местото му е на Кардиохирургија со пациентите.

„Јас сум почестен што ме повика, меѓутоа треба лично да ме повика, да разговараме и да видиме. Дали би прифатил ќе видиме. Лично сметам дека после сето ова и она што сме го сработиле, по екстремната поддршка од колеги, пациенти, медиуми... Јас припаѓам тука. Јас мора постојано да сум тука. Јас би сакал полека, не мора веднаш, да се вратам на старата функција.Ако ме повика ќе разговарам. Сериозно ќе размислам. Лично сметам а и мојот колектив смета дека местото ми е овде на Клиниката“, изјави др. Јовев.

Надзорот на Комисијата испратена од министертвото за здравство утврдил дека Клиниката за кардиохирургија не доставила финансиски извештаи за минатата година и не побарала согласност за дежурства за целата 2022 година и првите три месеци од оваа година како што предвидува законот и немала електроска евиденција за присуство на медицискиот персонал на работното место и работното време.

Доктор Јовев тврди дека имало дефект во системот за евиденција но додава дека неговиот персонал работи многу повеќе поради природата на професијата од тоа што е предвидено и доколку ги плаќа според евидентираното одработено време Клиниката ќе мора да плати многу поголеми суми. За наводите околу дежурствата тој тврди дека е побарана согласност која ја чекале со месеци а тука се пациентите и итните ситуации и повици за кои нема простор да се размислува.

„Ова беше само еден пех кога неколку месеци не работеше самиот систем. Сите имаат прекумерни часови верувајте. Понекогаш се случува бидејќи самото министерство и министри се полни со работа и согласноста да касни. На пример сме го испратиле барањето за согласнот во јануари сме го добиле во март или април. Во тој период додека чекаме не може да не дежураме или да не оперираме. Ние ќе добиеме раскинување на крвен сад на срце, најтешки можни пациенти ќе се истоварат тука што да правиме? Тоа е операција за спасување на живот. Тоа е операција во која јас го собирам тиумот за 30 минути. Дури понекогаш нема време ниту комјутер да направиме, само со ехо. Тоа се животоспасувачки операции. Кардиотхирургија е во итна патологија: Претходниот министер му се јавивме нколку пати и тој не напрви проблем од тоа. Се надевам дека и ова не е голем проблем и голем проипуст и еве се извинуваме што не сме инсистирале побрзо да ја добиеме согласнота“, објаснува доктор Јовев.

Министерот Меџити изјави дека се испитува и одговорноста на организацинотот директро на Кардиохирургија, Фетаи и дека наскоро ќе се утврди дали имало пропусти во неговото работење.

Покрај пациентите, колегите, стручната јавност и граѓаните со поддршка за Јовев се јавија од македонското леркарско дружтво од каде причините за разрешување ги оценија како небулозно.

„Изјавуваме дека македонското лекарско друштво, тоа значи сите лекари членови на друштвото, се против одлуката на министерството за здравство за разрешување на професор доктор Сашко Јовев од местото директор на Клиниката за Кардиохирургија. Овој наш почитуван колега е носител на дејноста на Клиниката, присутен е на одделот 24/7, тоа сите го знаат. Достапен е за секој пациент и е докажан хуманист која првиот трансплантиран пациент со статус невработен го вработи во неговото одделение. Сметаме дека одлуката на министерството за разрешување на Јовев сепак ќе се повлече и дека ваквите врвни лекари македонското здравство и институциите на системот ќе знаат да ги чуваат, почитуваат и наградуваат наместо да ги казнуваат. Лично сметам дека ова е многу лош пример за младите доктори во државата“, изјави Горан Димитров, претседател на македонското лекарско друштво

Околу именувањето на нов директор на Кардиохиругија Меџити соопшти дека ќе се бира од редот на вработените во Клиниката кои веќе доставија петиција до министерот во која бараат да се повлече решението за разрешување на Јовев.

XS
SM
MD
LG