Линкови за пристапност

Шведска, Турција и Финска ќе разговараат за шведското членство во НАТО


Турција, Шведска и Финска ќе се сретнат подоцна овој месец за да се обидат да ги надминат приговорите што ја одложија кандидатурата за членство на Шведска во НАТО, изјави вчера генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по средбата со турскиот претседател Таип Ердоган.

Турција во март ја ратификуваше кандидатурата на Финска за членство во НАТО, но сепак се противи Шведска да се приклучи на Алијансата.

Турција соопшти дека во Стокхолм е засолниште за членови на милитантни групи кои ги смета за терористи.

„Шведска презеде значителни конкретни чекори за да одговори на загриженоста на Турција“, рече Столтенберг за новинарите.

Разговорите на Столтенберг во Истанбул со Ердоган се одржаа една недела откако Ердоган на избори го продолжи своето дведецениско владеење.

Запрашан за шансите на Шведска да стане членка на НАТО пред самитот на НАТО во средината на јули во литванскиот главен град Вилнус, Столтенберг рече дека има време.

Тој рече дека следната рунда разговори меѓу официјални лица од Финска, Шведска и Турција ќе се одржи во неделата на 12 јуни, но не прецизираше кога. Министрите за одбрана на НАТО ќе се сретнат во Брисел од 15 до 16 јуни.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG