Двајца влијателни демократски сенатори бараат од администрацијата на Бајден да го промени курсот и да го поддржи формирањето на специјален Трибунал, одобрен од ОН за да ги повикаат руските лидери одговорни за инвазијата на Украина во 2022 година.
Во средата, демократите Бен Кардин и Тим Кејн, двајцата истакнати членови на комисијата за надворешни односи на Сенатот, претставија резолуција со која ја повикуваат администрацијата „да го искористи својот глас и да гласа во меѓународните институции за да го поддржи создавањето на специјален меѓународен кривичен Трибунал кој ќе бара одговорност од лидерите на Руската Федерација кои ја предводат агресијата во Украина“. https://www.cardin.senate.gov/press-releases/cardin-kaine-call-on-biden-harris-administration-to-lead-efort-to-create-a-united-nations-special
Резолуцијата го поддржува долгогодишното украинско барање: основање специјален суд за руското „злосторство на агресија“.
Генералното собрание на ОН ќе мора да даде зелено светло на предложениот трибунал, чии услови ќе ги преговараат Украина и Обединетите нации.
Злосторството на агресија – дефинирано како „планирање, подготовка, иницирање или извршување“ на акт на агресија, како што е вооружена инвазија – се разликува од воените злосторства, злосторства против човештвото или геноцид.
Меѓународниот кривичен суд може да ги гони тие други злосторства, но не и кривичното дело - агресија. Неговата јурисдикција над ова кривично дело се протега само на земјите што го ратификувале Римскиот статут кој го основал Судот.
Русија, како и САД, не се потписници на договорот за Судот. Затоа, Украина и нејзините сојузници се залагаат за алтернативен механизам за да ги повикаат руските лидери на одговорност.
Во март, администрацијата на Бајден предложи основање „меѓународен Трибунал“ во судскиот систем на Украина, но со меѓународна поддршка.