Линкови за пристапност

Сенат го разгледува Договорот за долгот што помина во Претставничкиот дом


Законодавството не поставува нова монетарна граница, но овластувањето за позајмување ќе се продолжи до 2 јануари 2025 година, два месеци пред претседателските избори следната година.
Законодавството не поставува нова монетарна граница, но овластувањето за позајмување ќе се продолжи до 2 јануари 2025 година, два месеци пред претседателските избори следната година.

Американскиот Сенат би можел денеска да гласа за мерката за суспендирање на лимитот за задолжување на владата до почетокот на 2025 година за да се спречи првото неисполнување на обврските кога САД за четири дена ќе останат без готовина за плаќање на сметките.

Претставничкиот дом на САД со големо мнозинство гласаше во средата вечерта, со широка поддршка и од републиканските и од демократските законодавци, да ѝ се дозволи на Владата да продолжи да позајмува повеќе пари во текот на следната година и половина за да ги исполни своите финансиски обврски, надминувајќи ги сегашните 31,4 трилиони долари граница на долгот.

Законодавството не поставува нова монетарна граница, но овластувањето за позајмување ќе се продолжи до 2 јануари 2025 година, два месеци пред претседателските избори следната година.

Дополнително, легислативата предвидува одржување на најголем дел од федералните трошоци на сегашното ниво во фискалната година почнувајќи од октомври, со зголемување од 1% во следните 12 месеци.

„Одговорно е кон Америка, да се усвои актот“, им рече на новинарите, демократот Дик Дурбин. Дурбин рече дека очекува предлог-законот да биде одобрен во четврток вечер или петок.

И лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер и Мич Меконел, лидерот на републиканците во Сенатот, го поддржуваат суспендирањето на лимитот на долгот и бараат брзо усвојување на законот за да може да се испрати до претседателот Бајден за негов потпис.

Распоредот за гласање во Сенатот е неизвесен, при што неколку сенатори повикаа на гласање за промените што сакаат да ги направат во Актот, усвоен од Претставничкиот дом.

Доколку Сенатот одобри некој од нивните амандмани, легислативата ќе треба да биде вратена во Претставничкиот Дом, на уште едно гласање.

XS
SM
MD
LG