Линкови за пристапност

Остин изрази жалење за нереализираната средба со кинескиот колега во Сингапур

Зборувајќи заедно со јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада за време на посетата на Токио, Остин рече дека ќе ја поздрави „секоја можност да се ангажира со раководството“ и дека верува дека одделенијата за одбрана треба да имаат отворени канали за комуникација.

Американскиот сектетар за одбрана Лојд Остин рече дека е „несреќен чин“ што Кина го одби барањето, тој со неговиот кинески колега Ли Шангфу, да се сретнат додека двајцата присуствуваа на дијалогот Шангри-Ла во Сингапур.

Зборувајќи заедно со јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада за време на посетата на Токио, Остин рече дека ќе ја поздрави „секоја можност да се ангажира со раководството“ и дека верува дека одделенијата за одбрана треба да имаат отворени канали за комуникација.

Остин им рече на новинарите дека земјите со „значајни способности“ треба да разговараат едни со други за да управуваат со кризи и да спречат ситуациите да излезат од контрола. Недостигот на средба меѓу американските и кинеските претставници од одбраната доаѓа во време на студени односи, кои вклучуваат соборување на осомничен кинески шпионски балон од страна на САД, тензии околу поддршката на САД за Тајван и како што САД го нарекоа кинеското, „непотребно агресивно“ пресретнување на авион на американското воено воздухопловство над Јужното Кинеско Море оваа недела.

Хамада им рече на новинарите дека тој и Остин се согласиле тесно да соработуваат за предизвиците што ги поставува Кина и рече дека е важно да се одржи искрен дијалог со Кинезите.

Хамада, исто така, рече дека Јапонија и Соединетите Држави ќе соработуваат тесно со Јужна Кореја во заеднички напори против, како што ги нарече, провокативните акции на Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG