Линкови за пристапност

Испитувања на земјиштето како старт на изградбата на Коридор 8


Државна свита и ветувања за навремено завршување на градежните работи. Груби е убеден дека законските измени со кои се привилегира изведувачот „Бехтел и Енка“ нема да паднат на Уставен суд бидејќи не го содржат спорниот дел со 60 часа работна недела

ТЕТОВО – Изградбата на Коридорот 8 за кој е задолжен конзорциумот „Бехтел и Енка“ денеска и официјално стартуваше но со испитување на земјиштето каде треба да поминува алтернативниот пат на автопатот Тетово – Гостивар. денес беше означен почеток на работите за изградба на Коридорот 8, кој е дел од договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Паралелно со испитувањето на земјиштето ќе се работи на проектирање, елаборати со експропријација и градежни работи.

„ Овие 110 километри автопатишта ќе бидат завршени за 55 месеци. Јас одговорно ви тврдам дека од денеска имаме механизација на трен бидејќи имаме нов концепт на градба на патиштата бидејќи тој стариот концепт што беше до сега ние сите сме сведоци колку траат нашите проекти за изградба на патиштата. Како пример ни е Кичево-Охрид. Значи 10 години не можеме да го завршиме патот што има 57 километри. Затоа ние како Јавно претпријатие, Министерствотро за транспорт и врски, Владата одлучивме да менуваме концепт“, изјави Рустеми.

Околу можност измените на Законoт за работни односи повторно да бидат оспорени пред Уставниот суд, како што најави Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ), првиот вицепрмиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците и Координатор на проектот. Артан Груби, е дециден дека тоа нема да се случи.

„Нема да паднат на Уставен. Не верувам дека ќе паднат на Уставен. Не гледам причина зошто би имало иницијатива до Уставен затоа што никаде во законите не се споменува спорната бројка од 60 работни часови. Се координира целата работа со правната служба во Владата, со Законодавно-правната комисија, со сите експерти што ги има Владата, и министерствата и Министерството за труд и социјална политика, така што нема апсолутна никаква причина ниту да се оспори, ниту да се разгледува, претпоставувам од Уставниот суд. Всушност, законското решение предвидува дека работниците можат да работат прекувремено што можат и сега, но за тоа ќе треба да дадат писмена согласност дека прифаќаат да работат прекувремено и за тоа мора да им се плати“, рече вицепремиерот Груби.

Антикорупциската Комисија нема да го добие целосниот договор меѓу Владата и „Бехтел и Енка“ поради клаузулата за доверливост што зачудува бидејќи членовите а комисијата имаат сертификат за безбедност со кој може да имаат пристап и до документи кои се клаисифицирани како државна тајна.

„Согласно договорот што е потпишан, има клаузула за доверливост. За да се достави до медиумите, Собранието и до ДКСК или која било друга институција, освен Јавното обвинителство, мора да има согласност од двете страни, односно од Владата и од конзорциумот „Бехтел и Енка“. Тие ни доставија редактирана верзија којашто е доставена до ДКСК за разгледување. Целосната верзија од договороте доставена само со Јавното обвинителство“, изјави Груби.

Опозицијата и понатаму бара договорот да биде јавно објавен а во Собранието не е одредена Комисијата на која ќе се разгледува договорот односно на која преставаници на Владата ќе презентираат на што се обврзала Владата а на што Конзорциумот.

Според проценките на Владата изградбата на Коридорите 8 и 10д со вкушна должина од околу 110 километри ќе чини 1,5 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG