Линкови за пристапност

Во руски ракетен напад врз Киев загинале најмалку три лица, а 10-мина се повредени


Украинската војска соопшти дека ги пресретнала сите 10 ракети со краток дострел истрелани од Русија.
Украинската војска соопшти дека ги пресретнала сите 10 ракети со краток дострел истрелани од Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на САД за новиот пакет помош од 300 милиони долари, кој вклучува системи за противвоздушна одбрана и муниција.

САД објавија дека привремената суспензија на царините за украинскиот челик е продолжена за една година.

ОН изразуваат загриженост за повторените напади врз здравствените установи во Украина.

Украинските власти соопштија дека руски ракетен напад бил насочен кон главниот град на Украина, Киев, при што загинале најмалку три лица, а 10-мина се повредени.

Украинската војска соопшти дека ги пресретнала сите 10 ракети со краток дострел истрелани од Русија.

Киевските власти соопштија дека остатоците од проектилите оштетиле станбени згради, медицинска клиника и водовод.

Русија вршеше чести воздушни напади врз Киев во мај, додека Украина се подготвуваше за очекувана контраофанзива за да се обиде да ја врати територијата што руските сили ја зазедоа откако започнаа целосна инвазија на Украина на почетокот на минатата година.

Гувернерот на западната руска област Белгород изјави во четвртокот во текот на ноќта со гранатирање се повредени повеќе луѓе во градот Шебекино.

Гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм изјави дека нападот оштетил и неколку згради.

Тој ги обвини украинските сили.

XS
SM
MD
LG