Линкови за пристапност

Цените одмрзнати, засега поскапување нема


Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека некои цени дополнително ќе се намалат. Гаранции дека нема да има поскапување нема, има само ветувања. Инспекциите подготвени доколку се повтори сценариото со скок на цените. Колку ќе плаќаат за струја граѓаните ќе се знае откако ЕСМ ќе ја оформи цената по која ќе ја продава струјата на ЕВН Хоум. Дали зголемувањето ќе биде 13 отсто засега никој не може да предвиди


СКОПЈЕ – Цените на продуктите во маркетите и на пазарите останаа исти откако денеска и официјално престана да важи владината одлука за замрзнување. Граѓаните во исчекување дали ќе се повторат истите слики од минатата година кога некои продукти поскапуваа на дневна база, државата најавува ригорозни контроли.

„Мислам дека ги трошат резервите и потоа ќе поскапат. И вака е скапо со нашиот стандард“, вели Златко Ксотовски.

Трговците засега без коментар или најави а министерот за економија вели дека нема гаранции околу евентуално поскапување туку само ветувања од бизнис секторот. Тој предупреди дека нема да се толерира вештачко зголемување на цените.

„Ако одредена компанија, одреден сектор вештачки ќе се обиде да ги зголеми цените сите институции ќе влезат во функција и нема да го дозволат тоа. Можно е за одредени производи и да има намалување на цените. Никакви мерки не предвидуваме. Ќе важат сите одредби од Законот за пазарна инспекција, УЈП, Финансиската полиција и Законот за заштита на потрошувачите. Инспекциите ќе бидат на терен“, рече министерот Бектеши

По која цена граѓаните ќе платаа струја во наредните шест месеци ќе се знае откако ЕСМ ќе ја оформи цената на мегават час струја по која ќе ја испорачува на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Тоа ќе се случи идната недела кога и истекува рокот кој Владата го даде на државното претпријатите а потоа предлог цената ќе се разгледува на затворена седница. Тендерите на ЕВН Хоум на кои ќе учествува ЕСМ се кон средината на месецот.

„Од страна на ЕСМ уште не е доставена информација до Владата која треба да утврди цена со која ЕСМ ќе учествува на тендерот на ЕВН Хоум. Цената која ја нуди ЕСМ кон ЕВН Хоум се разгледува на затворена седница на Владата. Откако ќе имаат барање од страна на ЕСМ ќе бидете известени но тоа ќе боиде согласно интересите на граѓаните и државата“, објасни министерот Бектеши.

Бектеши смета дека нема да има зголемување од 13 отсто на цената на струјата бидејќи праксата покажува дека регуилаторната комисија никогаш не ги прифатила во целот барањата на енергетските оператори.

МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција ги доставија своите пресметки до регулаторите во кои бараат покачување на услугите за транспорт на електричната енергија во висина од 30 до 80 отсто, но и доколку се прифатат тие не влијаат многу врз конечната цена.

„Претходната година енергетските компании бараа зголемување од 78 отсто а некои и двојно повеќе. Не е важно колку бараат тие. 13 отсто зголемување кое е барање од страна на енергетските компании најверојатно нема да се прифати“, изјави министерот Бектеши.

Владата најави и можно враќање на ДДВ-то од сегашните 10 на 18 отсто и тие 8 отсто би влеге во конечната цена на струјата за граѓаните.

XS
SM
MD
LG