При прегледот антикорупционерите утврдиле дека недостасуваат прилози кон договорот. Од Владата засега нема одговор на тврдењата на Антикорупциската комисија. Во Собранието заврши расправата за петте закони неопходни за реализација на договорот за изградба на коридорите 8 и 10д. Гласањето ќе биде дополнително закажано, можеби уште утре
СКОПЈЕ – Антикорупциската комисија не го добила целосниот договор со „Бехтел и Енка“ и во документацијата недостасуваат прилози кон догворот. Ова го утврдиле антикорупционерите при првичниот преглед на документацијата доставена од Владата. Претседателката на Антикорупциска, Блијана Ивановска, добила уверување од генералнито секретар на Владата дека тоа е договорот кој е доставен до Собранието иако премиерот Ковачевски изјави дека договорот засега го добиле само Обвинителството и Антикорупциска.
Што точно има во деловите кои недостасуваат не може да проценат и не ја искучуваат можноста да испратат допис до премиерот и генералниот секретар на Владата. Антикорупционерите поседуваат безбедносни сертификати – „државна тајна“ и со кои им е овозможено да го добијат целосниот договор и покрај клаузулата за доверливост.
„Можам да ви кажам дека не сме добиле целосен договор. Разговарав со генералниот секретар на Владата, ме иузвести дека тоа е обнаа верзија која е доставена до Собрание. Ние ќе бидиме колку ќе може да исцрпиме информации од тој договор. Очигледно е дека недостасуваат прилози, не знма што содржат тие прилози. Во секој случај ни се усложнува работата. Ќе оцениме и ќе испратиме допис. Битно е што содржат тие прилози, на што се однесуваат. Јас во моментов не знам. Ако има потреба ќе ги побараме“, изјави Билјана Ивановска, претседател на ДКСК
Тим антикорупционери веќе ги проверува деловите и деталите наведени во доставениот договор кои се однесуваат на законите, лиценците и надзорот но станува збор за обемен материјал.
„Се што е поврзано со надзорот, законите, лиценците, трасата, експропријацитата, се работат веќе. Распределени се задачите кај советници и кај колегите“, рече Ивановска.
Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека договорот е испратен до Обвинителставото и Антикорупциската комисија а чекаат од Собранието да се избере Комисија за да се презентира договорот.
„Договорите се доставени до Обвинителството и до Антикорупциската комисија од страна на ЈПДП. Испратено е писмо до Собранието на соодветна комисија која ќе ја избре Собранието а на барање на опозицијата на која ќе биде доставен и презентиран договорот од страна на преставници на Владата. Тоа засега го нема направено Собранието но кога ќе го побара ќе биде доставено“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Од Владата засега нема одговор на тврдењата на Антикорупциска за нецелосен договор.
Во Собранието заврши расправата на пленарната седница за петте закони поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10 д кои Владата со европско знаме ги испрати до Комисијата за европски прашања каде добија зелено светло. На денешната расправа пратениците од власта и од опозицијата со аргументи и контрааргументи ги споредуваа договорот од 2013-та со кинеската „Синохидро“ за изградбата на автопатот Кичево – Охрид која сеуште е во тек и сегашните законски измени за „Бехтел и Енка“.
За опозицијата е спорно што со законските измени се остава простор за корупција и малверзации бидејќи сетот закони предвидува ослободување од царина, даноци и плаќање акцизи покрај останатите досегашни забелешки. Од ВМРО – ДПМНЕ соопштија дека се надеваат дека претседателот Стево Пендаровски ќе остане на ставот и нема да ги потпише законските измени на Законто за работни односи кои предвидуваат 60 часовна работна недела.
Сега се е во рацете на спикерот Талат Џафери кој треба да закаже седница на која ќе се гласа пакетот закони а тоа може да се случи најрано утре.