Линкови за пристапност

Мајкрософт предупредува дека кинеските хакери вршат напади врз „критична“ инфраструктурна мрежа на САД


Според ФП, Мајкрософт го истакна Гуам, американска територија во Тихиот Океан со витална воена станица, како една од целите, но рече дека „злонамерна“ активност била откриена и на други места во САД.
Според ФП, Мајкрософт го истакна Гуам, американска територија во Тихиот Океан со витална воена станица, како една од целите, но рече дека „злонамерна“ активност била откриена и на други места во САД.

Кинески хакери спонзорирани од државата се инфилтрирале во критичните инфраструктурни мрежи на САД, соопштија во средата официјални лица во соработка со нивните западни сојузници и Мајкрософт, предупредувајќи дека слични шпионски напади може да се случат на глобално ниво, пренесе Франс Прес.

Според ФП, Мајкрософт го истакна Гуам, американска територија во Тихиот Океан со витална воена станица, како една од целите, но рече дека „злонамерна“ активност била откриена и на други места во САД.

Тајниот напад -- извршен од кибернетски шпиони спонзориран од Кина наречен „Волт тајфун“ од средината на 2021 година, овозможил долгорочна шпионажа и најверојатно имал за цел да ги попречи САД доколку има конфликт во регионот, се вели во извештајот.

„Мајкрософт оценува проектот „Волт тајфун“ продолжува со развој на способности што би можеле да ја нарушат критичната комуникациска инфраструктура меѓу САД и регионот на Азија за време на идни кризи“, се вели во соопштението.

„Во оваа кампања, засегнатите организации ги опфаќаат секторите на комуникациите, производството, комуналните услуги, транспортот, градежништвото, поморството, владата, информатичката технологија и образованието.

Објавата на Мајкрософт се совпадна со сугестиите од американските, австралиските, канадските, новозеландските и британските власти, во кој предупредуваат дека хакирањето најверојатно се случува на глобално ниво.

XS
SM
MD
LG