Линкови за пристапност

Пацифичкиот остров Гуам на удар на тајфунот Мавар


Синоптичарите велат дека ветровите на тајфунот се протегаат од центарот на Мавар до 80 километри, а ветровите од тропска бура се протегаат до 225 километри.
Синоптичарите велат дека ветровите на тајфунот се протегаат од центарот на Мавар до 80 километри, а ветровите од тропска бура се протегаат до 225 километри.

Американската пацифичка територија Гуам е во вонредна состојба бидејќи тајфунот Мавар се движи кон малиот остров како потенцијално разорна бура.

Националната метеоролошка служба објави дека Мавар се движи кон Гуам со максимални ветришта од 225 километри на час, што ја прави бура од 4-та категорија на петстепена скала што ја мери потенцијалната деструктивност на бурата.

Синоптичарите велат дека ветровите на тајфунот се протегаат од центарот на Мавар до 80 километри, а ветровите од тропска бура се протегаат до 225 километри.

Мавар - малезиски збор што значи „роза“ - се очекува да зајакне во бура од 5-та категорија додека оди кон Гуам.

Гуам и блискиот остров Рота се под предупредување за тајфун.

Американскиот претседател Џо Бајден издаде вонредна декларација за Гуам, овластувајќи ја Федералната агенција за управување со вонредни состојби да ја координира целата помош при катастрофи и „да обезбеди соодветна помош за потребните итни мерки“.

Гуам е клучен центар за воените сили на САД во Пацификот.

АП вели дека сите бродови на американската морнарица се префрлени на друга локација, како стандардна мерка на претпазливост, а воениот персонал што сè уште е на Гуам, се засолнува.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес.

XS
SM
MD
LG