Линкови за пристапност

Ковачевски за одбележувањето на 24-ти мај: „Македонскиот јазик е реалност“


Ковачевски: Македонскиот стандарден јазик, нашиот официјален јазик, е признат ѝ е рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици во Европската Унија.
Ковачевски: Македонскиот стандарден јазик, нашиот официјален јазик, е признат ѝ е рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици во Европската Унија.

Со културни настани, концерти и изложби, во македонскиот Ерусалим, Охрид, под мотото „Писмото е нашиот универзум“, годинава за прв пат се одржува дводневна државна манифестација, по повод 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост и култура. Бројни делегации, положија цвеќе пред споменикот на Кирил и Методиј во Охрид.

Главниот настан се одржа на Плаошник, каде бил основан и дејствувал првиот словенски универзитет, Свети Климентовиот универзитет.

Ден на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:59 0:00
Нема повеќе внимателни формулации како до пред извесно време, на описно означување на нашиот македонски јазик.
Ковачевски, премиер на Северна Македонија

„Токму на оваа македонска почва Светите Кирил и Методиј ја создале глаголицата, ја создале писменоста, од која понатаму се создава и современата македонска писменост. Овој 24-ти мај – Ден на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј и Ден на сесловенската писменост, го дочекуваме исправени и особено горди, затоа што македонскиот стандарден јазик, нашиот официјален јазик, е признат ѝ е рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици во Европската Унија. Нема повеќе внимателни формулации како до пред извесно време, на описно означување на нашиот македонски јазик“, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Прославата се одржува во време на затегнати политички односи на релација Скопје и Софија, а македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања, меѓу другото даде препорака двете држави заеднички да го чествуваат и 24-ти мај. Но, од Охрид, Ковачевски и со порака, дека повеќе никој не може да го оспорува македонскиот јазик.

Никој не може да одземе некому јазик, да одземе идентитет. Тоа едноставно, не е можно.
Ковачевски, премиер на Северна Македонија

„Никој повеќе не може, на европските дебатни маси, да зборува во наше име. Успеавме и да се избориме за сопствената јазична и идентитетска еднаквост во Европа. Никој не може да одземе некому јазик, да одземе идентитет. Тоа едноставно, не е можно. На македонски јазик, на македонското тло, во оваа наша македонска држава се говорело и се пишувало отсекогаш. Се говори и се пишува денес. И ќе се говори и ќе се пишува за навек“, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Инаку денес научната заедница од областите поврзани со македонскиот јазик, литература, култура, фолклор, донесе декларација за македонскиот јазик. Набројувајќи неколку факти за неговото значење, се вели дека македонскиот јазик бил еден од трите официјални државни јазици на југословенската федерација и оти е составен дел од личната карта на македонската држава и нација во евиденцијата на ОН.

„Сметаме дека сите овие горенаведени факти за македонскиот јазик недвосмислено укажуваат на тоа дека не само стекнатиот рамноправен статус во европското и светското семејство на јазици, туку и неговиот пат кон иднината не можат да бидат попречени од никакви негирања, фусноти, ѕвездички, додавки и слично. Македонскиот јазик ќе чекори гордо, кон иднината“, изјави Бобан Карапејовски, професор на Катедрата за македонски јазик.

Видео честитка по повод 24-ти мај, испрати и претседателот на владејачката албанска партија ДУИ, Али Ахмети.

„Нека е честит Денот на словенските просветители, Кирил и Методиј. Во нивното дело е израснат и современиот македонски јазик, кој претставува израз на посебност на македонскиот народ, нашите сограѓани Македонци. Во духот на мултиетничкото општество кое заедно го градиме, да се потсетиме на овој важен ден дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредиме меѓународната артикулација на македонски јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

XS
SM
MD
LG